Потпишан договорот за реставрација на црквата „Свети Власиј“ на штипската тврдина Исар


Потпишан договорот за реставрација на црквата „Свети Власиј“ на штипската тврдина Исар - МИА

Штип, 3 јуни 2020 () – Штипскиот Музеј со европски пари ќе ја реставрира црквата „Свети Власиј“ на тврдината „Исар“. Договорот за почеток на градежните работи е потпишан денеска во Општина Штип, од страна на градоначалникот Благој Бочварски, директорката на Центарот за развој на Источно планскиот регион, Драгица Здравева, директор на ЗЗС и Музеј на град Штип, Митко Штерјов и претставникот на градежната фирма БВ инжинеринг од Битола.

Проектот предвидува конзервација и реставрација на сите ѕидови и надѕидување од максимум 1,5 метри; предвидена е изградба на пристапна патека  и осветлување на целиот простор. Конзервацијата на црвката „Свети Власиј“ е во износ од 89.000 евра. Директорот на ЗЗС и Музеј на град-Штип, Штерјов рече дека црквата датира од 14-век, а истата е откриена со археолошките истражувања во 2010 година.

Градоначалникот Бочварски рече дека реставрацијата на црквата ќе се прави со пари обезбедени од Програмата за меѓугранична соработка со соседна Бугарија.

–Општина Штип заедно со бугарската општина Белица во наредните две години ќе искористат над 400.000 евра за културен туризам, но и за рехабилитација на Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ и реставрација и конзервација на црквата „Свети Власиј“ на тврдината Исар. Од овие средства 221.034 евра се наменети за општина Белица, а 185.187 евра за Центарот за развој на Источен плански регион, рече Бочварски.

Директорката на Центарот за развој на ИПР, Здравева истакна дека како центар  преку истата програма  имаат обзебедени пари и за реконструкција на мултикултурниот центар во Кочани. Проектот „Културен мост низ вековите“ треба да заврши за 14 месеци.вдј/

 


Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција - МИА
Вести

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција

Скопје, 9 јули 2020 () – Гласањето на претстојните избори, и покрај актуелната пандемија на Ковид-19, ќе биде безбедно за граѓаните кои ќе решат да го остварат своето избирачко право, тврдат надлежните. Ќе се гласа […]

Уште четири дена до крајот на изборната кампања - МИА
Вести

Уште четири дена до крајот на изборната кампања

Скопје, 8 јули 2020 () – Изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е при крај. Партиите пред граѓаните ветуваат правда која ќе функционира неселективно и транспарентно, подигната економија и развој за наредниот […]