Посвета на Ацо Шопов во француското литературно списание „Апулеј“

alulej
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еден блок во осмиот број на годишното француско списание за литература „Апулеј“ му е посветен на Ацо Шопов, по повод 100 години од неговото раѓање.

Под наслов „Ацо Шопов: Поет низ кој дише светот“, блокот содржи опширен портрет на македонскиот поет од Јасмина Шопова и осврт кон симболиката на крвта од францускиот писател Ив Бержере, придружени со песните „Има долу една крв“, „Небиднина“ и „Тажачка од онаа страна на животот“, како и со еден од неговите ретки прозни текстови „Во пет и седумнаесет“, посветен на скопскиот земјотрес од пред 60 години.


Шопов го претстави Јасмина Шопова, а негови стихови читаше француската писателка Доминик Меми.

Осмиот број на списанието „Апулеј“, промовиран вчера во просториите на издавачката куќа „Зулма“ од Париз, им посветува 450 страници на „Големите надежи“ и содржи поезија и проза од околу 90 писатели од европскиот и медитеранскиот свет, меѓу кои неколку писатели од Југоисточна Европа, како Василис Василикос и Георги Господинов. Покрај Ацо Шопов, во посебни блокови се претставени францускиот поет Анде Бретон и алжирските писатели Мохамед Диб и Хавад.

Промоцијата ја водеа директорка на издавачката куќа „Зулма“ што го објавува списанието „Апулеј“, Лор Лероа, секретарот на редакцијата на списанието, француско-алжирскиот писател Јахија Беласки и директорот на „Апулеј“, францускиот писател со туниско потекло Хубер Хадад.

На промоцијата беа претставени Ацо Шопов, Мохамед Диб и избор од современата иранска и јидиш литература.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK