Портрети- прва самостојна изложба на Марта Патлиџанковска

izlozba
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во среда на 28 јуни 2023 година, во 20:00 часот, во Галеријата на Факултетот за ликовни уметности ќе се отвори првата самостојна изложба „Портрети“ на академската сликарка Марта Патлиџанковска. Изложбата ќе биде отворена до 7 јули.

На изложбата Патлиџанковска се претставува со ликовни решенија — платна со големи димензии, работени во комбинирани техники, во кои доминира експресијата на бојата. Со динамични и експресивно груби потези на четката, пастуозно ,,чкрабање“ на површината со боја директно од туба и употребата на спреј, Патлиџанковска ја зголемува острината на потегот, така што целокупната содржина трепери и делува вибрантно. Воодушевена од колористичките експерименти, без однапред утврден концепт и дефинирана идеја, создава смели ликовни решенија кои ѝ припаѓаат на реалистичката ликовна сфера, со асоцијативен и симболички призвук. Така, лексиката на нејзиното сликарство ја наоѓаме во симбиозата на фантазијата и јавето, во сферата на свесното и потсвесното.


Марта Патлиџанковска е родена во 1999 година во Скопје. Во 2022 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на Катедрата за сликарство, во класата на Жанета Вангели.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK