Почнува јубилејната 20-та литературна манифестација „Илинден 2019“

Во Домот на култура „Илинден“ во Општина Илинден вечер ќе биде отворена 20-та јубилејна литературна манифестација „Илинден 2019“ која ќе трае до 18 мај. Манифестацијата ќе ја отвори нејзиниот покровител, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Веднаш по отворањето, по повод 80-от годишнината од излегувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин, оваа антологиска стихозбирка ќе биде промовирана на десет словенски јазици. Беседа за авторот и за ова вонсериско ремек дело ќе одржи проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Во рамките на манифестацијата во Домот на култура „Илинден“ од 14 до 18 мај, под мотото „Денови на книгата“ ќе се одржи саем на книгата, каде што љубителите на литературата ќе можат да се запознаат со најновите изданија и да најдат богат избор на книги.

Во склоп на оваа манифестација ќе се одржат повеќе културни настани, портрети и промоции на книги на реномирани писатели, како и млади автори, чествувања, изложба, литературно матине за деца со настап на писатели за деца и млади, како и музички колажи со познати музички ѕвезди. Централен настан манифестацијата е поетскиот митинг „Стихови за душата“ што ќе се одржи на 17 мај.


Вести

Европски избори: Различни правила од земја до земја

Секоја држава членка на Европската унија сама ги одредува правилата за изборите за Европскиот парламент. Кој кога гласа ? Британците и Холанѓаните гласаат во четврток на 23 мај, Ирците на 24 мај, Летонците, Малтежаните и […]

Вести

Нови рочишта за „Триста“, „Титаник“ и „Тарифа“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Триста“, „Титаник“ и „Тарифа“. Во „Триста“ обвинет е поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на […]

Вести

Пробни прелети за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“

Со два прелета во воздушниот простор на Република Северна Македонија изутринава од 7:30 до 9:30 часот ќе се изврши првиот пробен прелет за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“ (чување на воздушниот простор). Прелетот ќе […]