Почнува 17. „Синедејс“

Во кино „Фросина“ вечер од 21 часот ќе почне 17. Фестивал на европски филм „Синедејс“ со проекција на музичкиот документарец „Матанги/Маја/М.И.А.“, а од 22 часот во „Милениум“ ќе биде прикажан „Среќниот принц“.

Музчкиот филм е британско-американска копродукција за кариерата на младата музичарка од Шри Ланка, чие семејство емигрира во Лондон. Од Матанги таа станува Маја, а кога се пробива на глобалната сцена, оваа креативна тинејџерка, ќерка на основачот на вооружените шриланечки Тамилски тигри, светот ја запознава како М.И.А. „Среќниот принц“, пак, по сценарио и режија на Руперт Еверет, е филм за ексцентричниот Оскар Вајлд, остроумен, духовит и скандалозен миленик на лондонската елита во 19 век.

До 18 ноември, под мотото „Збогати се преку ноќ“, на „Синедејс“ ќе бидат прикажани повеќе од сто филма во неколку фестивалски програми. Над  20 наслови се во атрактивната гала-програма со најновите остварувања на Ларс вон Трир, Годар, Сорентино, Павликовски, Спајк Ли…  Меѓу нив е и „Фаворитката“ (The Favourite) на Јоргос Лантимос, премиерно прикажан на Венецисакиот филмски фестивал. Тој е специјално на „Синедејс“ пред воопшто да биде пуштен во кинодистрибуција закажана за 2019 година. Во гала-програмата е и најновиот филм  на режисерот Васил Христов – „Еј!“ и со оваа македонска премиера на 18 ноември во „Милениум“ ќе биде затворен фестивалот.

Во двете натпреварувачки програми – Официјалната и Програмата на балкански филм (СинеБалкан) ќе има вкупно 14 филмови избрани од селекторот Бернд Будер, а за наградите ќе одлучуваат две меѓународни жирија. Во Официјалната селекција се осум филма: белгискиот „Сама на мојата свадба“; германскиот „Полицајци“; копродукциските  „Товар“; „Кога дрвјата паѓаат“; „Не допирај ме“ (победник на Берлинале 2018); „Виа Карпатија“; „Ти ја имаш ноќта“ и шпанскиот „Ана преку ден“.

Во натпреварувачката „СинеБалкан“ се шест остварувања: турскиот „„Арада“; српскиот „Бандити во потрага по мама“; босанско-мексиканскиот „Хаотичниот живот на Нада Кадиќ“; црногорскиот „Мрзливец“; косовско-албанскиот „Брак“ и „Граници, дождови“ – копродукција меѓу БиХ, Црна Гора, Србија, Велика Британија и Шведска.

Во програмата Кратки филмови ќе има девет од  млади македонски режисери чии филмови се прикажуваат на фестивали. За разлика од лани кога тие беа во една вечер, овојпат ќе се прикажуваат секоја фестиваска вечер пред проекциите на долгометражните.

Во Студентската програма, која е натпреварувачка, ќе има 35 филмови од 12 академии од регионот, а првпат годинава и од престижната ФАМУ од Прага. На „Синедејс“ ќе има и ретроспектива на рани филмови од Милош Форман (во соработка со Чешката амбасада) и богата музичка програма со девет музички документарци, кои бесплатно ќе се прикажуваат во „Фросина“ и Џебното кино во МКЦ, како и 11 концерти на домашни и странски изведувачи.

Меѓу настаните во придружната програма е дводневниот настан СинеИндустри на 16 и 17 ноември, посветен на дистрибуцијата на филмовите, односно како тие да излезат надвор од границите.

Мотото „Збогати се преку ноќ“ е избрано со идеја младите да се насочат кон духовните вредности и да се потенцира дека богатството не е во материјалното, туку богатство е и изгледан добар филм кој „Синедејс“ го овозможува по цени од 150 и од 100 денари. Од оваа година билетите може да се купат и онлајн преку линковите достапни на веб-страницата на МКЦ: mkc.mk.

Вести

Коцијанчич не сака да се меша во владеењето на правото во Република Македонија

Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич уште еднаш повтори дека не може да коментира судски процедури кои се во тек и дека некои работи не се во надлежност на ЕУ. – Реагиравме, рековме дека се […]

Вести

Меј: Не сум „модерен Невил Чемберлен“

Британската премиерка Тереза Меј ги отфрли денеска обвинувањата дека претставува „модерен Невил Чемберлен“, премиер кој една година пред почетокот на Втората светска војна изјавувал дека обезбедил мир со Хитлерова Германија. Некои пратеници од Конзервативната партија […]

Вести

„Сите членови да доаѓаат пред Собрание“, „Сега е моментот” – смс пораки на рочиштето за „27 април“

Со изведување смс и вибер пораки меѓу учесниците на „крвавиот четврток” денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. Рочиштето почна со читање […]

No Picture
Вести

Конзервативците собрале доволно потписи за недоверба на Меј, таа тврди дека ќе преброди

Британската премиерка Тереза Мај ги отфрли шпекулациите дека може да биде соборена од премиерската функција поради нејзиниот договор за Брегзит, јави Би-Би-Си. – Ќе го пребродам тоа, рече таа И покрај неколкуте оставки на министри […]

Балкан

Бошњаци иселеници бараат на Брнабиќ да и се забрани влез во БиХ поради изјава за Сребреница

Негирање на геноцидот во Сребреница и искривување на судските факти за најголемото злосторство после холокаустот во Европа претставува намерен и организиран напад врз вистината и правдата, државата БиХ и жртвите, предупреди денеска Конгресот на Бошњаците […]

Вести

Дејвис: Парламентот ќе го отфрли договор на Меј за Брегзит

Поранешниот британски министер за Брегзит, Дејвид Дејвис изјави дека Парламентот ќе го отфрли договорот за Брегзит, а премиерката Тереза Меј ќе мора повторно да го преразгледа. – Мислам дека договорот ќе биде отфрлен од страна […]

Интересно

Нов проект на авторот на „Игра на тронови“

Додека обожавателите на „Игра на тронови“ ја чекаат осмата, последна сезона во април догодина, се појавија информации и за нејзино претпродолжение, но и за сосем нова серија со авторскиот потпис на Џорџ Р.Р. Мартин. Се работи […]

Интересно

НАСА објави снимки од нов огромен глечер на Антарктикот

Парче мраз сo површинa oд oкoлу 220 километри квадратни, пред еден месец се одвои од глечерот Пајн Ајланд на Антарктикот, соопшти НАСА објавувајќи фотографија направена при движење над огромната ледена површина. Глечерот „трипати поголем од […]

Интересно

НАТО: Опрема што ја носи норвешки снајперист за да преживее (ВИДЕО)

What does a 🇳🇴Norwegian sniper carry with him so he can survive out in the ❄️cold for at least 7 days? #WeAreNATO #Norway #TridentJuncture pic.twitter.com/mRDGlHSLD1 — NATO (@NATO) November 14, 2018

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*