Почит кон Крале Марко – мурал во Велес


Во склоп на годинешната програма на Министерството за култура на Р. Македонија-дел за визуелни уметности, Стрип центарот на Македонија- Велес го имплементира проектот:

„МУРАЛОТ  КАКО  КУЛТУРНА И ТУРИСТИЧКА ЗНАМЕНИТОСТ ВО ВЕЛЕС  2020 г

Изјава Томе Трајков-координатор на проектот:

„…Ова е вторпат Министерството за култура да поддржи ваков проект од наша страна, но  СЦМ досега   веќе има изработено 5 мурали на фасади  во  градот .Овие стрип мурали, први од ваков вид во Македонија, се протегаат на различни локации и се вистинска атракција  како за жителите на Велес, но ја збогува и неговата туристичка понуда.Праксата  на цртање на мурали е многу честа во светот, посебно е интересен  градот Ангулем/Франција откаде ги добивме првичните идеи и искуства .

Врз основ на истите искуства и оваа година ќе се изработи стрип мурал на  површина од 33м/2. Овојпат  мотив за цртање на мурал е КРАЛЕ МАРКО  и се работи на веќе познатата  локација во близина на Градскиот саат ,мегу два веке изработени мурали .Се работи  со акрилни фасадни бои  и специјални четки од страна на веќе воиграниот тим: Ване Трајков(како главен цртач) и Анита Гочева и Горан Мазнев(асистенти) .

Праксата на изработка на мурали низ Велес ќе продолжи и  натаму, во склад со финансиската поддршка од државата и др.донатори. Оваа уметност е веќе прифатена помегу граѓаните на Велес , нивните коментари при поминување низ оваа прометна улица го докажуваат тоа.Се надеваме дека интерес за овој тип на творештво ќе се пројави и низ други градови од државата…“


Вести

Продолжува претставувањето на изборните понуди на партиите пред граѓаните

Скопје, 5 јули 2020 () – Предизборната кампања на партиите за предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 15 јули е на средина. Тие своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на […]

Почнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со коронавирусот - МИА
Вести

Вкупно 3611 активни случаи со КОВИД-19, најмногу во скопски Чаир

Скопје, 5 јули 2020 () – Бројот на заразени со КОВИД-19 вчера се зголеми за 147, а со тоа вкупниот број активни случаи во земјава изнесува 3611. Новозаразените се од Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, […]

Тестирањето на околу 800 штипски текстилни работници завршува утре - МИА
Вести

Регистрирани нови 147 случаи на КОВИД-19 и шест починати

Скопје, 4 јули 2020 () – Во изминатите 24 часа од направени 1296 тестирања регистрирани се 147 нови случаи на КОВИД-19. Институтот за јавно здравје регистрира и 111 оздравени пациенти. Од КОВИД-19 во овој период […]