Почина режисерот Љубиша Георгиевски

На 81 година утрово почина театарскиот и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра, Љубиша Георгиевски.

Тој е роден во Битола на 30 мај 1937-та година.

На македонската јавност и е познат и како кандидат за претседател во 1994-та година, беше амбасадор во Србија и во Бугарија и претседател на Собранието на Република Македонија од 2006-2008 година.

Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група „Театар и радио режија”, во Белград, 1974.

Како театарски режисер, има поставено преку 160 постановки во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Романија, Полска и други држави, како и четири постановки во САД, каде на универзитетите во Јужна Калифорнија и Тексас предавал теорија на театарот и актерска игра.

Неговите претстави се играат на повеќе од десет јазици и истите гостувале ширум Европа, од кои позначајни гостувања се во Москва и Виена. Има објавено десеттина книги, а како филмски режисер има режирано четири филма.

Добитник е на повеќе од дваесетина награди во рамките на поранешна Југославија, како и наградата од критиката за претставата „Искушение” од Вацлав Хавел во Theater Center како најдобра претстава на театарската сезона.


Вести

Ратификуван Договорот за реципрочно признавање на возачките дозволи со Косово

Собранието денеска го изгласа Законот за ратификација на Договорот со Владата на Косово за реципрочно признавање на возачките дозволи и ја констатираше оставката на Горан Трајковски од функцијата директор на Дирекцијата за заштита на лични […]

Вести

ЗНМ: Да се повлече обвинението против Кежаровски

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска на прес-конференција побара од Основното јавно обвинителство да го повлече, а од Кривичниот суд да го отфрли обвинението против новинарот Томислав Кежаровски. Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски соопшти […]

Вести

Средба Пендаровски – Џафери во Вила Водно

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ќе има средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Средбата ќе се одржи во Вила Водно, соопштија од кабинетот на претседателот. Ова е нивна прва официјална средба […]