Почина Бранка Станковска, доајенот на македонското спикерство


Почина доајенот на македонското спикерство Бранка Станковска. Веста за смртта ја соопшти нејзиното потесно семејство.



Станковска беше една од најпознатите спикерки и водителки на малиот екран која целиот свој работен век го помина во Македонската радиотелевизија (1948-1987).

Таа беше првата спикерка на вестите со чиј глас пораснаа многу генерации. Нејзината најава на првиот телевизиски пренос на 5 јуни 1964 година е почеток на тогашно ТВ Скопје.