Плакетата „Даница Ручигај“ за „Пукнатина на светлината“ од Билјана Станковска



Плакетата „Даница Ручигај“, што се доделува на писателка членка на ДПМ за стихозбирка објавена во тековната година, а во чест на македонската поетеса Даница Ручигај која трагично го загуби животот во скопскиот земјотрес во 1963 година, оваа година ѝ се доделува на поетесата Билјана Станковска за стихозбирката „Пукнатина во светлината“.



Селекторката Виолета Танчева-Златева во своето образложение за изборот, меѓу другото, истакнува: „…’Пукнатина во светлината‘ е составена од 31 песна обединети во три мотивско-тематски структурирани циклуси – ’Одблесоци‘, ’Пукнатини‘ и ’Длабочини‘, кои функционираат како цврсто конципирана творечка целина. Низ нив, во стилски беспрекорни песни, таа ја воспева, ја дише и ја болува светлината во сите нејзини појавни облици и еманации – и во природата и во човековата душа – со што оваа книга израснува во своевиден календар на светлината“ .

Плакетата ќе ѝ биде врачена свечено, по надминувањето на кризната состојба предизвика од пандемијата со Ковид-19.