„Пиреј“ на Прилепскиот театар на програмата на „Војдан Чернодрински“

На програмата на шестиот ден од Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржува во Прилеп се промоција на театарска литература и уште една претстава во конкуренцијата за наградите.

Промоцијата на театарска литература е во 11 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“, а од 19.30 часот на сцената на матичниот театар, домаќинот, ансамблот на Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ќе ја одигра претставата „Пиреј“ од Петре М. Андреевски во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Веднаш по претставата  се разговорите на тркалезна маса и ќе биде соопштена оценката што ќе ѝ ја даде публиката на претставата.

Синоќа на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ публиката ја виде претставата на Албански театар од Скопје „Смртта на Дантон“ според Георг Бихнер во режија на Дино Мустафиќ. 


Вести

Финансиска полиција: Акцијата во Љуботен наменета против нелегалниот увоз на тутун

Управата за финансиска полиција денеска преку соопштение информира дека вчерашната акција спроведена во селата Љуботен, Сингелиќ, Визбегово и Арачиново била наменета против нелегалниот увоз, производство и трговија со недозволената сорта тутун „вирџинија“, а не била […]

Вести

Анкета: Граѓаните поделени околу општиот впечаток за работата на Владата

Повеќе од половина од граѓаните или 51,3 проценти не ја одобруваат работата на Владата, наспроти 43,8 проценти кои ја одобруваат работата, покажува истражувањето за ставовите и довербата на граѓаните за работата на Владата на Агенцијата за […]

Вести

Заев го повлече предлогот да раководи со Министерството за финансии, ќе ја врши функцијата до изборот на нов министер

Премиерот Зоран Заев на денешната 103. седница на Собранието, на која се расправа по реконструкцијата на Владата, го повлече предлогот во исто време да биде и министер за финансии. Заев појасни дека согласно овлатувастувањата со […]