Пијанечкото роднокрајно творештво збогатено за уште еден наслов


Пијанечкото роднокрајно творештво збогатено за уште еден наслов - МИА

Делчево, 4 август 2020 () – Со излегување од печат на џепното издание „Корона катрени“ од авторот Васил Маневски, Пијанечкото роднокрајно творештво е збогатено за уште еден настан. Делото, како што информира авторот, е прво од ваков вид напишано од роднокраен автор.



-Во делото се напишани стихови, т.е. катрени посветени на актуелната ситуација со светската пандемија. Во соработка со Здравствен дом „Гоце Делчев“ – Делчево и Јавната локална библиотека „Илинден“ во согласност со условите кои ги наметнува вирусот Ковид-19, планирано е да одржиме неколку промоции, со кои публиката одблиску ќе се запознае со ова дело, истакна Маневски.

Рецензент на книгата е доктор Билјана Георгиевска, додека предговорот за „Корона катрени“ го напиша д-р Марија Глигоровска, која воедно е и директор на Здравствениот дом во Делчево, каде е предвидено да се одржат дел од промоциите.

Кориците на книгата се дело на карикатуристот Миро Ѓеоргиевски, додека книгата е издадена од страна на издавачката куќа „Орион“.


Вести

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против КОВИД-19

– Сојузот на здруженија на пензионери упатуваат апел приоритет при вакцинирањето против КОВИД-19 да имаат пензионерите, како најранлива категорија лица со хронични болести и намален имунитет. -Во име на над 300 000 возрасни луѓе во нашата […]

Вести

Земјите од ЕУ на здравствена заштита во просек трошат 9,9 проценти од БДП, ние 4,5

– На здравствена заштита и социјални бенефити Северна Македонија во 2019 година потрошила вкупно 507 милиони евра односно 4,5 проценти од БДП или по 244 евра по глава на жител, што е под просекот од […]

Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*