Петнаесетти АКТО фестивал за современи уметности 2020



Петнаесетти АКТО фестивал за современи уметности 2020 - МИА

Скопје, 1 јули 2020 () – Со изработка на мурал на фасадата на киното „Партизан“ во Битола се отвора годинашната програма на јубилејното, 15. издание на АКТО фестивалот за современи уметности во продукција на организацијата Факултет за работи што не се учат (ФР~У) . Автори на муралот се КУРС колективот од Белград, изработката на муралот е во продукција на ФР~У во партнерство со Народен Театар Битола.

Овој мурал, како што соопштија организаторите, е дел од серијата мурали кои деновиве се изработуваат во уште шест други градови во земјава и тоа во Штип, Прилеп, Велес, Кочани, Гевгелија, Скопје. Автори на муралите се: Јана Јакимовска, Миле Ничевски, Ненад Тонкин, Ристо Аврамовски, Филип Јовановски, Владимир Милиќ и Давор Кешкец и се реализираат во соработка со Гласен текстилец, Штип; БОШ Фестивал, Гевгелија; Културно ехо, Скопје; Центар за современи ликовни уметности ЦСЛУ-Прилеп и Јавен Простор – Прилеп; Народен Театар Битола; Дом на Култура Ченто; Општина Гази баба; Општина Велес, Општина Кочани и Дом на Култура Бели Мугри – Кочани.

– Овој зафат, кој се протега на површина од околу 600 метри квадратни и тоа паралелно во седум градови е концепт, кураторство и организација на Филип Јовановски, извршен продуцент е Ненад Тонкин, а во продукцијата се вклучени и Марија Стојанова, Кристијан Караџовски, Денис Ампев, Александар Јовановски и Ивана Васева, се вели во соопштението.

Покрај во Битола, во периодот што следува, муралите се сликаат во следниве градови – Скопје, Дом на Култура Ченто „СОЛИДАРНОСТА Е ТЕМЕЛ НА ИДНИНАТА“, автор: Владимир Милиќ во партнерство со Културно Ехо Скопје и Општина Гази баба; Гевгелија „ФИЗИЧКА ДИСТАНЦА, СОЦИЈАЛНА БЛИСКОСТ / КОМШИЈАТА И ВО АРНО И ВО ЛОШО/“, автор: Миле Ничевски во соработка со М.Ц и во партнерство со БОШ Фестивал; Прилеп „НАПРЕД, САМО БЕЗ ЗАБОРАВАЊЕ!“, автор: Ристо Аврамовски во соработка со Филип Јовановски и Ненад Тонкин во партнерство со ЦСЛУ и Јавен Простор – Прилеп; Штип „ЕДНАКВИ ЗАЕДНО ПОСИЛНИ“, авторка: Јана Јакимовска во партнерство со Гласен Текстилец – Штип; Велес „СОЛИДАРНОСТ, МОБИЛНОСТ, ИДНИНА“, автор: Давор Кешкец во партнерство со Општина Велес и Кочани „СОЛИДАРНОСТА ГО ЈАКНЕ ИМУНИТЕТОТ“ автор: Ненад Тонкин, во партнерство со Општина Кочани и Дом на Култура Бели Мугри – Кочани.

– Иницијативата за исцртување на мурали на јавни простори има за цел на креативен начин да зборува за одредени теми кои покренуваат и мобилизираат не само поединци туку цели групи и заедници кон активирање и работење на заедништвото и заедничкото во градење на едно праведно општество. А токму заедништвото и заедничкото, како и културата на солидарноста, се покажаа како најургентни прашања кон кои треба сите да се фоскурираме во време на пандемијата со корона вирусот, наведуваат во соопштението.

Покрај тоа, оваа програма, велат организаторите, критички ги адресира, преиспитува и истражува прашањата поврзани со модерното визуелно и архитектонско наследство, нејзината естетика како и нивните последици во денешниот свет.

– Годинава АКТО потсетува на вредностите за кои сите овие изминати години се бори и ги промовира како анти-национализмот, антифашизмот, антидискриминација, почитување на различностите, почитување на соседите, солидарноста, помагањето на послабите, слободата и критичката мисла, против насилството и родовата рамноправност, се вели во соопштението.

 

 

 

 

 

 

 


Нови 37 случаи со Ковид-19, 251 оздравени, шест починати - МИА
Вести

Нови 186 позитивни на коронавирус, 85 оздравени и седум починати лица

Скопје, 17 септември 2020 () – Во изминатите 24 часа се регистрирани 186 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.674  тестирања. Во истиот период регистрирани се и 85 оздравени, но и седум починати лица. Министерството […]

Ѓоргиев: Делчев може да се слави од двете страни, нова средба на комисијата на крајот на месецов - МИА
Вести

Ѓоргиев: Бугарскиот меморандум не е во функција на постигнување успех на заедничката комисија

Скопје, 17 септември 2020 () – Барањата и ставовите на Софија длабоко ги еродираат заложбите за добрососедство, а едностраните и исклучиви оценки може да ја направат беспредметна и работата на заедничката македонско-бугарска Комисија за историски […]

Во Бугарија, Софија е жариште на епидеммијата - МИА
Вести

Нови услови од Бугарија за преговорите со ЕУ

Скопје, 17 септември 2020 () – На шест страници со долги историски образложенија за „државна антибугарска идеологија“ во Северна Македонија, Бугарија испрати објаснувачки меморандум до земјите членки на ЕУ во пресрет на одлуката за отпочнувањето […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*