Педесет и две години од смртта на Мито Хаџивасилев-Јасмин


Педесет и две години од смртта на Мито Хаџивасилев-Јасмин - МИА

Кавадарци, 1 август 2020 () – На денешен ден во 1968 година, пред 52 лета, во 46 година од животот,  во местото Брела, Хрватска, ненадејно починал Мито Хаџивасилев-Јамин, револуционер, публицист и политичар од Кавадарци. За ова денеска потсети историчарот Петре Камчевски.

Роден бил во Кавадарци во 1922 година, каде завршил нижа гимназија, а гимназија во Битола. Во 1937 година станал член на СКОЈ, а во 1940 член на КПЈ. Се запишал на Правниот факултет, но отпочнувањето на војната го спречила да го продолжи образованието.

– Јасмин бил еден од најактивните организатори на НО движење во Тиквешијата. Учествувал во формирањето на првиот партизански одред во Тиквешијата во 1941 година и ја читал партизанската заклетва, а истата година станал и член на МК на КПЈ за Кавадарци, а бил и секретар на МК на СКОЈ во Кавадарци. Во 1942 година ги уредувал весниците „Воено комунике“ и „Политички листок“. Учествува во формирањето на партизанскиот одред „Добри Даскалов“ и баталјонот „Страшо Пинџур“, а во декември 1943 година бил заменик политички комесар на Втората македонска ударна бригада, раскажа Камчевски, како хроничар на Кавадарци и Тиквешијата.

По војната ги уредувал весниците „Социјалистичка зора“ и „Партиски живот“. Во 1952 година бил избран за пратеник во Собранието на СФРЈ, а бил и главен и одговорен уредник на весникот „Нова Македонија“.

Во мај 1967 година Јасмин бил избран за претседател на Собранието, а на таа функција го затекнала и смртта на 1 август 1968 година.

Напишал и објавил голем број на трудови меѓу кои „Одраз израз“, „Противречностите на социјализмот“, „Свртени кон човекот“, „Социјалистичка распределба спрема трудот“, „Голема историска пресвртница“ и многу други. свд/


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*