Отворено студио со дела инспирирани од звукот на Бела Река


Оваа сабота, во периодот од 12 до 17 часот, во галеријата и на отворено, на уметничкото гумно во селото Слоештица, ќе бидат изложени делата што 6 македонски уметници ги создадоа во изминатите 10-ина дена за време на гостувањето на ликовната колонија со наслов „Звукот на Бела Река“.

Заинтересираните посетители ќе имаат можност да се сретнат и да разговараат и со уметниците: Дијана Томиќ-Радевска, Сашо Саздовски, Пандора Апостолоска-Саздовска, Филип Велковски, Горан Ристовски и Кети Талевска. Имено, ова е првпат во меѓународниот центар за уметност и одржлив развој „Арт поинт – гумно“ да гостуваат македонски уметници.

Во целосен творечки карантин уметниците создаваа инспирирани од темата – во услови на изолација поради глобалната пандемија, природата, ненаметливо почна да ни се наметнува. Во отсуство на вревата што вообичаено ја создаваме ние луѓето, заитани кон материјалното, звуците што ги слушаме од природата како да нè канат да нурнеме подлабоко во нас самите. И, тогаш ни се отвораат прашања за суштината на битисувањето, за нашата врска со природата, за уметноста како можност, локално, но и глобално, да проговориме за таа релација, за водите што се поврзани и на тој начин го поврзуваат целиот свет, а особено сите уметници од светот.

Дијана Томиќ-Радевска во Слоештица се посвети на чудесните локални приказни и излегувајќи од својот препознатлив творечки јазик создава нови визури во класична сликарска техника.

Уметничката практика на Пандора Апостолоска-Саздовска и овој пат е насочена кон меѓучовечки односи истражувајќи ги аспектите на војната и насилството како политичка и социолошка појава, но и разните аспекти на ненасилна агресија во модерното живеење.

Сашо Саздовски се смета себеси за истражувач во културата. Неговите идеи се поврзани со теми што оставаат многу отворени прашања, а одговорот на секое прашање тој го дава со отворање ново прашање.

Горан Ристовски се наврати на една своја претходна творечка фаза и работи со т.н. стенсил-техника – пренесувајќи го својот минималистички творечки ракопис. Освен тоа, за време на престојот на оваа колонија тој прави и фотографии инспирирани од поднебјето.

Филип Велковски е интердисциплинарен уметник, кој на уметничкото гумно во Слоештица прави спој помеѓу традиционалните ракотворби и неговата современа сликарска практика.

Кети Талевска е млад фотограф од Битола. Таа од неодамна почна да се занимава со лумен принт-техника, која одлучи да ја примени и во Слоештица. Лумен принт е една од најстарите техники за изработување фотографии. Тоа е фотограм или цртање на фотохартија, која е сензитивна на светлина. Кети исто така го документира пулсирањето на Слоештица за време на колонијата.

Ликовната колонија е делумно поддржана од македонското Министерство за култура.

Отвореното студио ќе се одвива во согласност со протоколите за заштита од Ковид-19.


Вести

Нови 628 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 531 пациент

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 628 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-353, Куманово-33, Штип-13, Прилеп-36, Тетово-33, Струга-11, Велес-34, Битола-28, Охрид-17, Кавадарци-7, Гостивар-7, Струмица-20, Крива […]

Членовите на избирачките одбори ќе добијат за сто проценти повисок надоместок, одлучи ДИК - МИА
Вести

ДИК ги потврди новите пратеници во Собранието

– Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, Рина Ајдари за ИЕ6 од ДУИ, Мирослав Јовановиќ и Лидија […]

Вести

Извештај на ИЈЗ: Речиси половина од инфицираните со Ковид од земјава се од Скопје, најголем дел на возраст од 30-39

– Според извештајот на Институтот за јавно здравје, за период од 19 до 25 октомври, тестирани биле вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Забележано е зголемување […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*