Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од 11 до 15 ноември


Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје наредната седмица, од 11 до 15 ноември, ќе ги организира четвртите Отворени денови. Во рамки на петдневната манифестација се предвидени повеќе активности, а свеченото отворање е в понеделник, во 11 часот.

Директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Елена Јованова-Грујовска на денешната прес-конференција информира дека Отворените денови ги почнале во 2016 година со благородна идеја, да се отворат вратите на Институтот за сите вљубеници во македонскиот јазик, за сите почитувачи, за медиумите, за студентите, учениците…

В понеделник се очекуваат промоции на четири последни најнови институтски изданија – списанијата „Македонски јазик“ за 2018 година и „Македонистика“ од минатата година, бр.17, и промоција на две книги произлезени од докторски дисертации – „Сложенките во македонските црковнословенски текстови“ од проф. д-р Весна Костовска и „Јазикот на првите преводи на Новиот завет на современ македонски јазик напишан со грчко писмо“ од доц. Д-р Борче Арсов. Таа најави дека уште шест-седум книги се во печат и до крајот на годината или почетокот на следната ќе бидат промовирани.

– Вториот ден го посветуваме на нашите професори и колеги македонисти, кои не задолжиле. А вториот дел од денот е посветен на подмладокот, на иднината на македонистиката. Во првиот дел ќе зборуваме за професорот Кирил Конески, кој оваа година наполни 90 години, за Мито Аргировски кој полни 85 години, за Ѓорѓи Ѓоргиевски по повод 85 години од неговото раѓање. Ќе има беседи и за колегите кои веќе не се меѓу нас – Олга Иванова, Лилјана Минова – Ѓуркова, Љупчо Митревски, Аритон Поповски и Убавка Гајдова, рече Јованова-Грујовка.

Вториот дел е претставување на наставната дејност на Институтот, а координатор е проф.д-р Веселинка Лаброска.

Секретарот на Отворените денови Борче Арсов рече дека идејата е на младиот кадар од Филолошките факултети низ земјава и пошироко да им се претстави наставата што ја нуди Институтот, постдипломските и докторските студии. Во вторник ќе можат да дојдат сите заинтересирани граѓани и студенти. Ќе биде отворена спомен-собата на Крсте Мисирков, која се наоѓа на приземјето на Институтот. Сите посетители ќе можат да се запознаат со животот на Мисирков, да погледнат факсимили, оригинални документи поврзани со животот и дејноста на овој наш културен деец.

Од 13 до 15 ноември, од среда до петок, ќе се одржува меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на филолошки и на културолошки истражувања“. Претседателот на Меѓународниот организациски одбор е проф. д-р Лидија Тантуровска информира дека централно место во рамки на Отворените денови е одржувањето на оваа меѓународна научна конференција, која ќе се одржи на 13 и 14 ноември во просториите на Институтот за македонски јазик.

Таа соопшти дека за годинашнава тема на конференцијата пројавиле интерес над 60 колеги од осум земји. Покрај учесници од нашата земја, има пројавено од Босна и Херцеговина, Полска, Русија, Србија, Турција, Хрватска и САД. Во рамки на конференцијата ќе бидат промовирани повеќе зборници.

Петтиот ден од манифестацијата е предвиден за посета на Кратово и разгледување на манастирите од тој крај.

Вести

Владиниот лирџет пријавил ситуација за итност и безбедно слетал на Скопскиот аеродром

Капетанот на владиниот воздухоплов попладне во контролата на летање на Скопскиот аеродорм пријавил ситуација за итност поради предното тркало и по процедурите безбедно слетал на аеродромот, информираа за МИА од Контролата на летање М-НАВ.   […]

Вести

Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци продолжува на 28 ноември

 Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари годинава во која загинаа 16 лица продолжува на 28 ноември. На денешното рочиште требаше да биде сослушан вештакот Јосиф Ќосев од електротехнички факултет, но одбраната реагираше […]

Вести

Едно обвинение помалку за Груевски, „Траекторија“ му застаре

Временската разлика од шест години од стореното кривично дело, а без правосилна пресуда во судот, го спаси од кривичен прогон поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Траекторија“ за злоупотребите при изградбата на автопатите Штип-Миладиновци и […]