Отворена меѓународната изложба „Творење и креирање дела од отпад од пакување“

 Во организација на Детскиот ликовен центар – Скопје, а со поддршка на Колективниот постапувач за управување со пакување и отпад од пакување Еуро-Екопак, деновиве во Скопје се одржува ликовната манифестација „Творење и креирање дела од отпад од пакување“.

Традиционалниот настан се одржа во просториите на Кинотека на Македонија, а изложбата ќе биде отворена за посетителите до 1 декември.

На настанот кој се одржа вчера, биле наградени две групни творби и три индивидуални награди за освоено прво, второ и трето место. Учесници, покрај од нашата држава биле од Србија, Босна и Херцеговина, Словачка и Црна Гора.

Целта на настанот е преку делата да се подигне јавната свест за заштита на животната средина.

Facebook
Twitter
LinkedIn