Отворена изложба на икони во Струмица од братот и сестрата Лечковски


Во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица од денеска е отворена изложбата на икони од Златко Лечковски и неговата сестра Соња, двајцата од Битола.



Златко е роден 1982 година и работел кај еминентните зографи Ристо Димовски и Никола Крнчев. Изработувал икони за иконостаси, како и делови од живопис на ѕид во неколку цркви и манастири во Преспанскиот регион и во соседна Грција. Со своите икони учествувал на десетина самостојни и неколку колективни изложби во повеќе градови во земјата. Неговите дела можат да се видат низ земји во Европа, а значајно е да се спомнат неколкуте икони кои ги изработил за бискупот на Англиската црква, Ричард Чартрес.

Соња е родена 1985 година во Битола, каде работи и живее и досега, заедно со својот брат, учествувала на повеќе самостојни и групни изложби во повеќе градови во државата. Работела живопис на ѕид во неколку цркви во Преспанскиот регион, како и неколку мали параклиси во Битолско.

Изложбата во Струмица ќе биде отворена до 6 ноември.