Отворен конкурс за демо рап песна во организација на КСП „Центар Јадро“


– Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ организира конкурс за демо рап песна на кој може да се пријават сите неафирмирани македонски рап бендови или соло артисти.



– Со овој повик сакаме да го помогнеме развојот на домашната сцена и да им дадеме простор и поттик на талентираните рапери и раперки да ги раскажат своите приказни и искуства, посочуваат од Центар Јадро“.

Избраните бендови или артисти ќе добие професионална сесија за снимање на оригинална музика, микс и мастер за песна во едно од студијата на Владимир Аговски Аго, Гоце Саф и Драги (Druggy) и парична награда од 250 евра.

– Изберете каква било музика, напишете свој текст и снимете го вашиот рецитал; вашата снимка со времетраење од максимум 90 секунди може да ја пратите на два начини: како mp3/wav формат директно на е-mail, или на вашиот Фејсбук или Инстаграм, со користење на хаштагот #РапДемо2020 и таг на @centarjadro во вашиот пост; ако праќате на e-mail, покрај демо снимката, треба да ни ја испратите и вашата кратка биографија, фотографија и контакт најдоцна до 8 ноември 2020 година на нашата адреса: centar.jadro@gmail.com со назнака „РапДемо2020“; може да направите пост-продукција на вашата демо снимка, но може да ни ја пратите и без никаква обработка, само квалитетот на снимката да е добар; доставете песна што најдобро ве претставува вас и вашата музичка визија, појаснуваат од „Центар Јадро“.

Оттаму ги охрабруваат сите неафирмирани македонски бендови и соло артисти кои прават или сакаат да прават авторска музика и кои немаат официјално издание за некоја продуцентска куќа или настап на некој од поголемите фестивали (Таксират, Д Фестивал, итн.) да се пријават на конкурсот.

Покрај паричната награда, додаваат, ќе имаат бесплатна можност за соработка со етаблирани продуценти и снимање во професионално студио. Комисијата составена од продуцентите што ќе ги продуцираат песните и еден член на КСП „Центар-Јадро“ од сите пристигнати демо-снимки ќе одбере шест песни. Избраните артисти ќе снимаат целосно нова песна независна од нивната демо снимка.

– Важно е да се напомене дека КСП „Центар-Јадро“ ја задржува можноста да ги објави сите пристигнати демо снимки; ќе ги објави сите шест песни кои ќе бидат направени во професионалните студија на своите социјални медиуми; демо снимките треба да бидат необјавени и неиздадени, во спротивно ќе бидат дискфалификувани, се вели во соопштението.

Конкурсот е реализиран со поддршка од Амбасадата на Швајцарија.


Вести

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, […]

Вести

Најмалку 37 полицајци и жандарми се повредени во судирите со демонстрантите во Париз

Според првичниот извештај на францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманан, 37 полицајци и жандарми се повредени за време на демонстрациите во Париз, јави дописникот на МИА. Министерот за внатрешни работи на Твитер го осуди […]

Вести

За еден ден во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 52 пациенти, вкупно се лекуваат 437 лица со Ковид-19

– Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 52 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 437 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*