Отворен 6. „Малински Фото Фестивал“ во Куманово


По шестти пат, денеска, во Куманово е отворен  „Малински фото фестивал“ во организација на Фото Клуб Куманово. Првата од неколкуте изложби на програмата на фестивалот беше отворена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ насловена „Круг“.

-Како прв фотограф во Куманово, Малински ни пренесува историско – културен капитал од едно време во кое се испреплетуваат носталгијата, радоста, чувството за припадност и поменот кон она од што сме се отуѓиле и кое времето ни ги бледи сеќавањата. Малински е раскажувач, активен опсервер на реалноста, реалноста која тој успева да ја авторира, на тој начин што ја мултиплицира и модифицира, рече Жаклина Стефановска, од Фото клуб Куманово на отворањето на изложбата.

Освен оваа изложба, во трите фестивалски дена ќе бидат презентирани фотографии од Фото кино клуб „Параќин“ од Србија и Фото клуб „Формат“ од Чачак. Денеска беше отворена и изложбата на делата од основните училишта „Кочо Рацин“ и „Крсте Мисирков“, самостојни изложби на Јан Вало и Жаклина Стефановска, интернацоналната „Игра“.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и е дел од програмата „500-тини години постоење на Куманово“.

Вести

ДКСК со иницијатива до Заев да утврди одговорност кај Анѓушев за акцизите на литиум јонски батерии

Државната комисија за спречување на корупција на денешната 24 седница со четири гласа „за“ и два „против” донесе одлука за поднесување иницијатива до премиерот Зоран Заев за отворање постапка за утврдување одговорност против вицепремиерот Кочо […]

Вести

Судиите од Кривичниот суд во Скопје со поддршка за судската администрација

Колегиумот на судии и Здружението на судии од Основниот кривичен суд во Скопје денеска им дадоа поддршка на судските служеници, кои денеска од 09:30 до 11 часот протестираа пред судовите во државата. – Тука сме […]

Вести

Судската администрација протестира против одлуките на Судскиот буџетски совет

Судската администрација во сите судови низ државата денеска протестираше против одлуките на Судскиот буџетски совет, кои се однесуваат на нерамномерното зголемување на додатоците на плата и на неисплатата на платата на дел од учесниците во […]