„Охридско лето“ по повод смртта на маестро Кшиштоф Пендерецки


Фестивалот „Охридско лето“ се огласи по повод смртта на светски познатиот полски композитор и диригент Кшиштоф Пендерецки.

-Светот на уметноста се збогува со еден од најголемите светски уметници на денешницата. Славниот Пендерецки е еден од најголемите уметници кои настапиле на фестивалската сцена на „Охридско лето“. Легенда која ќе остане запишана во фестивалската историја на најславните уметници со кои Охридско лето го изгради својот голем успех. Токму неговото име е едно од оние великани со кои годинава ќе се одбележат 60 години успешно постоење на фестивалот, стои во соопштението од Фестивалот.

Маестро Пендерецки на „Охридско лето“ настапи во 2013 година, а неговиот концерт беше оценет како збиднување со исклучителни уметнички вредности, реализација на фестивалскиот концепт во Охрид да дојдат и настапуваат најзвучните имиња од светската класична музичка.

-Вечно ќе му бидеме благодарни на овој музички гениј за неговиот неповторлив настап на 53-то издание на Охридско лето, во годината кога кога низ целиот свет се реализираа концерти токму по повод јубилејните 80 години од неговото раѓање. Токму затоа неговиот настап даде посебен белег на „Охридско лето“, но и придонесе за светска афирмација на нашата држава, стои во соопштението.

Во богатиот творечки опус Пендерецки најпознати дела се „Тужбалица“, посветено на жртвите од Хирошима, оперите „Луденските ѓаволи“ и „Убу Рекс“, вокалните композиции „Страста по Лука“ и „Полски Реквием“. Дел од неговото творештво е и филмската музика, меѓу кои за „Егзорцист“ на Фриткин, „Сјаење“ на Кјубрик, „Диви во срцето“ и „Внатрешна империја“ на Линч, „Катин“ на Вајда…

Тој ја компонираше и музиката за отворањето на 29-те Олимписки игри во Пекинг во 2008 година. Добитник е четири греми награди, последната во 2016 година.

Концертот на Пендерецки со Македонската филхармонија одржан на Охридско лето е прогласен за „музички настан“ во државава за 2013 година.


Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција - МИА
Вести

Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје се од општините Бутел, Сарај, Чаир, Аеродром, Студеничани, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош

Скопје, 28 мај 2020 () – Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за […]

Регистрирани девет нови случаи со коронавирус во Прилеп и први два случаи во Крушево - МИА
Вести

Нови 38 случаи на Ковид -19, тројца починати

Скопје, 28 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 38 нови лица позитивни на коронавирусот и 16 оздравени пациенти. Во овој период починале два лица, а кај […]

Чулев: Да бидеме мудри, сочувствителни, кооперативни истрајувајќи и победувајќи го премрежието со кое што човештвото се соочува - МИА
Вести

Чулев: АНБ се уште е дел од системот за следење на комуникации

Скопје, 28 мај 2020 () – Начинот на кој е формирана Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и неотстранувањето на посредничката улога на АНБ при следењето на комуникациите, говори дека реформите на безбедносниот систем се само […]