„Охридско лето“ на Генералното собрание на Европската фестивалска асоцијација во Лисабон

Најголемата и најзначајната музичко-сценска манифестација во Македонија – фестивалот „Охридско лето“, од 14-ти до 17-ти овој месец се презентира на Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА) што се одржува во Лисабон, Португалија.

Директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ и претседателката на Управниот одбор, Нина Момировска, во рамки на посетата ќе остварат средба со претседателот на ЕФА, Јан Бриерс, како и со претставници на останатите европски фестивали-членки на Асоцијацијата.

– Токму на најголемиот собир на кој присуствува културната елита од Европа и светот ќе ја истакнеме нашата успешната приказна. Пред европските делегати уште еднаш ќе потенцираме дека „Охридско лето“ги негува културните високи уметнички дострели според европските и светските стандарди. Конференцијата е одлична можност да се престави Фестивалот „Охридско лето“ во најдобро светло но исто така и прилика на првите луѓе на ЕФА да им бидат врачени официјални покани за присуство на претстојното 59-то фестивалско издание, вели Поповиќ.

Според официјалната агенда, од 14 до 17 април се одржува уметничкиот самит на фестивалите, додека за денеска е предвидено официјалното отворање на годинешното 67 Генерално собрание на ЕФА.

ЕФА асоцијацијата вклучува сто фестивали од 40 земји. Фестивалот „Охридско лето“од 1994 година е значаен партнер на Асоцијацијата.


Вести

Демократски дебати неделава во САД – прва предигра за изборите во 2020 година

Пред милиони Американци неделава на првите демократски дебати ќе се појават на едно место речиси дваесетмина кандидати во трка за номинирање претстедателски кандидат од Демократската партија на изборите следната година. Иако застапуваат различна идеологија – […]

Вести

Прифатено барањето на Јанкулоска за одложување на затворската казна за „Тенк“

На поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и е прифатено барањето да и се одложи четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Како што соопшти денеска Основниот кривичен суд – Скопје, извршувањето на казната се одложува се […]

Вести

Заменик-министерот за образование Петар Атанасов поднесе оставка

Заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов на својот фејсбук-профил во отворено писмо до премиеот Зоран Заев и до јавноста соопшти дека поднесува оставка од функцијата. Како што вели, неговата позиција станува „неодржлива и неефективна“ […]