ОФФест од 2 до 6 јуни, објавени неколку учесници


–  Годинашниот, 19. ОФФест – фестивал на музика од светот на 2 јуни ќе го отвори дуетот на португалската фадо пејачка Лина Родригес и популарниот шпански артист Раул Рефре, кој е еден од најиновативните светски продуценти.

-Нивниот штотуку објавен албум „Lina_Raül Refree“, кој е своевидна модерна посвета на големата фадо легенда Амалија Родригес, веќе предизвикува лавина од позитивни реакции кај светските музички сладокусци, соопшти Скопски џез-фестивал, организаторот на ОФФест.

На втората вечер на ОФФест (3 јуни) ќе настапи уште еден тандем предводен од мајсторот на иранското кеменче Кајхан Калор, добитник на „Греми“ во 2017, кој лани  доби и специјална награда за животно дело на Womex. Музичарот со курдско потекло во Скопје ќе настапи во придружба на турскиот виртуоз на инструментот баглама, Ердал Ерзинцан.

– Во истата вечер публиката ќе може да го проследи и настапот на фасцинантната каталонска пејачка Силвија Перез Круз. Таа во Скопје ќе го претстави својот најнов проект „Фарса”, во кој на волшебен начин ги комбинира музиката, театарот, филмот, танцот, сликарството, фотографијата и поезијата, соопшти Скопски џез-фестивал.

Организаторот наскоро ќе ја објави комплетната програма на ОФФест. кој ќе се одржува од 2 до 6 јуни во Скопје. 


Вести

Нови 53 случаи со коронавирус, вкупно 483, евидентирани пет починати

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483 лица, На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти заболени […]

Вести

Русија: Во јуни тестирање на вакцина за Ковид-19 на луѓе

Тестирањата на новиот прототип на вакцини против новиот коронавирус на животните ќе бидат завршени кон крајот на април, а тестирањето на луѓе ќе почне во јуни, изјави Ринат Максјутов, генерален директор на Новосибирскиот векторски државен […]

Вести

Четиринаесет медицински лица од штипското Инфективно одделение превентивно во самоизолација

 – Двајца лекари инфектолози, осум медицински сестри и четворица болничари од штипското Инфективно одделение се ставени во самоизолација, по наредба на здравствен санитарен инспектор, откако е утврдено дека имале контакт со 80-годишна пациентка, која била […]