Објавени две философски дела од академик Витомир Митевски


Објавени две философски дела од академик Витомир Митевски - МИА

Скопје, 9 септември 2020 () – Во издание на издавачката куќа „Матица македонска“ деновиве се објавени две книги од академик Витомир Митевски кои се дел од десеттомната авторска едиција под заеднички наслов „Античката философија и нејзиното влијание“.



Едната книга е под наслов „Философијата и средновековието на Запад“ и претставува осми том од Едицијата, додека другата под наслов „Античката философија и западното нововековие“ е деветиот том. Рецезент на делата е академик Катица Ќулавкова.

Согласно со концептот на Едицијата, во делата се изложени некои од темелните философски проблеми од античката философија присутни во делата на западноевропските истакнати мислители. Во првоспоменатата книга, средновековната философија е претставена како мост меѓу античката и современата западна философија, додека во втората книга се укажува на влијанието на Платоновата и Аристотеловата мисла не само врз современата философија, туку и врз модерните природни науки како што се физиката на микрочестичките, космологијата и еволуционистичката теорија.

Според авторот, намерата е да се укаже на развојната линија на крупните идеи од класичниот период до денес кои на разни начини опстојуваат низ времето и денеска се уште и дават белег на нашата цивилизација.

– Целата оваа сложена философска проблематика е изложена на јасен и разбирлив јазик и стил за пошироката образована читателска публика, вели академик Митевски.


Вести

Брисел: Речиси воопшто нема надеж за преговори годинава поради бугарското вето

– Повеќе високи дипломати од земји членки на ЕУ за МИА потврдија дека Северна Македонија речиси сигурно ќе биде блокирана од страна на Бугарија на следниот министерски совет на Унијата, на кој требаше конечно да […]

Усвоена одлуката за бројот на попретседатели на Собранието - МИА
Бизнис и економија

Расправа по амандманите за буџетот – Секој издржан и реален проект ќе го прифатиме, вели заменик-министерот за финансии

– Во Собранието од денеска се расправа по поднесените амандмани на Предлог-буџетот за 2021 година. Амандманите се разгледуваат во рамки на расправата во Комисијата за финансирање и буџет, а најголемиот број се поднесени од опозициската […]

Бизнис и економија

Допрва ќе се одлучува кој ќе продолжи да работи во недела, коморите порачуваат да не се брза со решението

– Во надлежност на Министерството за економија се секторот за трговија, угостителството, туристичката дејност и занаетчиството. Треба прво да разговараме со бизнис заедницата и стопанските комори. Откако тие ќе ги дадат своите мислења и предлози, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*