Објавена „Лирската биографија на Конески“ од Атанас Вангелов


Објавена „Лирската биографија на Конески“ од Атанас Вангелов - МИА

Скопје, 24 јули 2020 () – Издавачката куќа „Слово“ ја објави книгата „Лирската биографија на Конески“ од Атанас Вангелов, еден од нашите најдобри познавачи на делото на Конески кој со децении систематски го истражува неговиот опус.


 

– Во студијата „Лирската биографија на Конески“, Атанас ја дава досега најзначајната синтеза за епохалното дело на големиот македонски поет. Оваа студија е уникатна по својот пристап. Овде тој настојува да го долови „личниот печат“ во поезијата на Конески што се таи под нејзината чудесна едноставност, која е одлика на исклучителни и раскошни духови. Правејќи суптилни херменевтички анализи, Вангелов го разгатнува и процесот на идентификација на Конески со духовните стремежи на својот народ – од св. Климент Охридски, преку Глигор Прличев до Кочо Рацин, соопшти издавачаот на книгата.