Објавена книгата „Сликање со светлина“ од Цветан Гавровски


– „Матица македонска“ ја објави книгата „Сликање со светлина“ од Цветан Гавровски, национален мајстор на фотографијата и ЕФИАП (Excellence FIAP) на светската федерација на фотографска уметност.



На 370 страници со двата циклуса, црно-бело и колор, во книгата се репродуцирани околу 200 авторски фотографии со краток наратив за секоја од фотографиите.

Книгата е на македонски и на англиски јазик со текст за авторското видување на креативната фотографија како ликовно изразно средство.

Цветан Гавровски (1947) имал дванаесет самостојни изложби и учествувал на повеќе од 200 изложби во светот. Ја претставувал македонската фотографија во националните колекции на светските изложби во Кина, Швајцарија, Италија, Унгарија, Луксембург, Словачка, Ирска, Индонезија, Кореја, Шпанија.