Објавен вториот број на „Современост“ за 2023 година

sovremenost
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од печат излезе вториот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост” за 2023 година, составен од 24 статии на 132 страници, вклучувајќи: пет прилози проза, седум прилози поезија, две интерпретации, седум рецензии и три прилози од рубриката Ѕвезди и протези.

Бројот е отворен со раскази од Стефан Марковски, продолжувајќи со прозни прилози од Емељ Туна, Станка Бајлозова Барламова, Наде Поп-Гаврилова и Иван Стојановски. Потоа следат поетските творби на Ристо Маџунков, Димче Шипинкаровски, Блаже Петревски, Виктор Танасковски, Росана Трајкоска, Александар Михајловиќ и Лидија Размоска-Тримовска. Во рубриката Интерпретации е застапена анализа од Верица Мукоска и труд од Елена Станкоска. Во рубриката Вреднувања се застапени рецензии од Иван Стојановски, Трајче Кацаров, Љубинка Донева, Славчо Ковилоски, Васил Дрвошанов, Трајче Кацаров и Никола Алтиев. Крајот е отстапен за рубриката Ѕвезди и протези во која се вклучени прилози од двете млади прозаистки: Светла Јакшиќ и Софија Тодороска, како и поезија од Александра Стојановиќ.


Ликовните илустрации во вториот број за 2023 година се дело на академскиот сликар Драги Хаџи-Николов, а изданието наскоро ќе биде достапно низ книжарниците и библиотеките во Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK