Нова македонска опера на европската музичка сцена


Евент индустријата бара од власта средба за мерки за дејноста во услови на пандемија - МИА

Скопје, 4 јуни 2020 () – За време на долгите месеци на пандемијата и изолацијата во европскиот триаголник Скопје-Лондон-Париз се роди нова европска опера со наслов Интернационална музичка револуција или ИМР чиј што автор на либретото е македонскиот писателот Јордан Плевнеш, на музиката е македонскиот композитор Панде Шахов, кој живее во Лондон, а диригент и ко-продуцент е францускиот музички уметник Паскал Галоа, директор на Конзерваториумот Моцарт од Париз.

Приказната за ИМР, како што соопштуваат од ЕСРА продукција, е поврзана со еден вистински настан. Имено, околу 1780 година по катастрофалниот земјотрес во Лисабон во 1755 година, во којшто градот е целосно уништен и има огромен број жртви, маркизот до Помбал кој е градител и реконструктор на главниот град на Португалија, а е член на истата масонска ложа со Волфганг Амадеус Моцарт во Виена, се обратил до неговите виенски колеги со барање да му помогнат во откривањето на 6000 подводни столбови на кои ќе се гради Новиот Лисабон.

Во истата масонска ложа со Моцарт членува и баронот Константин Бели, со потекло од Охрид. Тој предлага 6.000 бели борови од македонската планина Кожуф да пристигнат од Солун во пристаништето во Лисабон. Заедно со бродот во Лисабон ќе допатува и неговата внука од Охрид, Ефимија Бели, која ќе има средба со Моцарт во Виена, и ќе му отпее дванаесет македонски песни кои спаѓаат во врвот на балканската музиччка меморија.

Тоа е време на различни револуции и терор на сите меридијани. По смртта на Моцарт, веднаш по Француската револуција, баронот Константин Бели и неговата внука формираат една меѓународна вокална група која ќе ја проповеда новата религија, дека светот може да биде спасен само од музиката – International music revolution IMR.

Во операта се појавуваат голем број реални личности од балканската, европската и светската историја. Таа се движи со скокови низ времето и завршува со меѓународен настап на неколку светски јазици во Њујорк, за време на аукцијата во која е черепот на Моцарт, претходно погребан во масовна гробница, за 5 милиони долари, настан кој реално се случи во нашиве модерни времиња во кој владее новата глобална перверзија, што Алберт Ками ја нарече Тиранијата на парите.

За копродукција на операта интерес изразија Операта Сао Карлос од Лисабон, Театарот Фениче од Венеција, Музичкиот театар Шатле од Париз, а ќе биде предложена и на МОБ и фестивалот Охридско лето за следната сезона 2021, наведуваат од ЕСРА продукција.  


Вести

Со маска, средство за дезинфекција и дистанца, ДИК со герила акција во Скопје повика на безбедно гласање!

Караванот на Државната изборна комисија денеска беше во скопските општини Сарај, Шуто Оризари, Чаир и на плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје со нивната герила акција. ДИК повика на безбедно гласање со делење на едукативните […]

Вести

Нови 163 случаи со Ковид-19, осум починати, 230 оздравени пациенти

– Во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-87, Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Николе-9, […]

Филипче: Имаме протоколи и доволно заштитна опрема за спроведување на изборите - МИА
Вести

ДИК ги повикува учесниците на изборите да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето на граѓаните

Скопје, 8 јули 2020 () – Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги повика сите вклучени во изборниот процес да ги почитуваат здравствените мерки, упатствата и протоколите за предвремените парламентарни избори на 15 јули. – Само […]