Настап на Трпчески и Венгеров во Париз


– По Лондон и Њујорк, македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески и легендарниот виолинист Максим Венгеров, во рамки на нивната мини-турнеја на најпрестижните светски сцени, вечер ќе настапат на сцената на Филхармонијата во Париз.


 

Исклучителниот втор концерт тандемот Венгеров-Трпчески го одржаа во преполната сала во Карнеги Хол во Њујорк, каде присутните со стоечките овации, двајцата врвни уметници ги наградија со дури три изведби на бис.

Серијата камерни концерти двајцата уметници ја започнаа на 10 јануари со настап на сцената на Лондонската сала „Барбикан“, каде изведоа дела од Моцарт, Прокофјев, Франк и Равел.