Награди на „Остен“ од 51. Светска галерија на карикатури – Скопје 2019


Карикатуристот Мојмир Михатов од Хрватска ја доби Гран-при наградата на 51. Светска галерија на карикатури – Скопје 2019, соопшти галеријата „Остен“.  Првата награда му е доделена на Шахрох Хејдари од Франција, а втората на Лук Дешимакер од Белгија.

Доделени се пет трети награди – Хуле Ханушиќ од Австрија, Константин Казанчев од Украина, Милета Милорадовиќ од Србија, Шаман Тораби од Иран и Фуркат Усманов од Узбекистан.

Јордан Поп-Илиев ја доби наградата „Цицо“ за македонски карикатурист, а посебни награди добиваат: Олег Драгачов од Канада, Ратко Маричиќ од Хрватска, Петар Нивендијк од Холандија
Анатолиј Станкулов од Бугарија и Павел Станчик од Полска.

„Остен“ соопшти дека на 51. Светска галерија на карикатури – Скопје 2019 се пријавиле 231 карикатурист од 58 земји со 635 карикатури.

За изборот бил задолжен селекторот  Мице Јанкуловски и интернационалното жири: Дарко Дрљевиќ од Црна Гора, Норберт Иперзил од Белгија, Саед Садеги од Иран и Владимир Боројевиќ и Корнелија Конеска од Северна Македонија.

Селекторот најпрво избрал 115 карикатуристи чии дела ќе бидат претставени во каталогот и од кои интернационалното жири избрало 45 финалисти, а потоа се избрани карикатуристите за награди.

Изложбата на делата од селектираните автори и доделувањето на наградите на 51. Светска галерија на карикатури – Скопје 2019 и на следната 52. Светска галерија на карикатури – Скопје 2020 ќе се одржи во септември 2020 година, на централна прослава по повод 75 години „Остен“ (1945 – 2020).


Над 1,45 милиони заразени со коронавирус во светот, кај нас 617 - МИА
Вести

Над 1,45 милиони заразени со коронавирус во светот, кај нас 617

Скопје, 9 април 2020 () – Во светот досега се регистрирани над 1,45 милиони лицa заразени со новиот коронавирус од кои се починати повеќе од 83,5 илјади, а оздравеле речиси 310 илјади. Кај нас, пак, […]

Правила и прилагодувања во услови на полициски час - МИА
Вести

Правила и прилагодувања во услови на полициски час

Скопје, 9 март 2020 () –  Граѓаните, институциите, стопанството… во целата држава се прилагодуваат на дополнитените забрани за движење на цела територија, откако стапија во сила новите поригорозни мерки на Владата за спречување на ширењето […]