Награден литературен конкурс ,,Вапцаров, писател со револуционерни идеи” во Делчево


Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров” од Делчево го распиша наградниот литературен конкурс ,,Вапцаров, писател со револуционерни идеи”. Активноста се реализира како дел од манифестацијата ,,Вапцарови бранувања”.

 

 

За најдобрите творби како за младите, така и за возрасните учесници ќе бидат доделени плакети како прва, втора и трета награда. Учество на конкурсот може да земат сите заинтересирани од сите возрасти,како ученици така и возрасни, информираа од установата.

Заинтересираните своите творби можат да ги пријават најдоцна до 5 декември годинава.

Творбите со назнака за литературниот конкурс треба шифрирани и да се достават кај наставниците, кај лицата задолжени како координатори (библиотекарите во училиштата) или на адреса во посебен плик.
НУЦК „Никола Јонков Вапцаров “
Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320 Делчево, додадоа од делчевскиот центар за култура.

Доделувањето на наградите е предвидено за 7 декември годинава, на самиот ден на одржување на манифестацијата ,,Вапцарови бранувања”.