Награда за најдобра машка улога за актерот Игор Тодоров на фестивал во Враца, Бугарија

IGOR TODOROV
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актерот на струмичкиот театар, Игор Тодоров ја доби наградата за најдобра машка улога на на 33. НФМТФ-Национален фестивал на малите театарски форми – Враца 2023 и 11. Меѓународен фестивал НЕТА, што се одржа во Враца, Бугарија, информираа од Народниот театар „Антон Панов“.

Тој наградата ја доби за толкување на ликот на Морган Смит, кој е еден од последните борци за спас на планетата Земја во претставата „Пчелите ќе умрат“.


Претставата е по текст на Иван Вирипаев, а режијата е на Драгана Таневска во копродукција на НТ „Антон Панов“ и ФКТ „Ристо Шишков“. Улогите покрај Тодоров ги толкуваа и Ангелина Тренчева Ангелова и Танкица Стојанова.

Премиерата на претставата беше на 7 овој месец на сцената на струмичкиот театар, а ова е нејзино прво фестивалско гостување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK