МТФ „Водан Чернодрински“ за одржување на јубилејното 55-то издание ќе чека подобри времиња


МТФ „Водан Чернодрински“ за одржување на јубилејното 55-то издание ќе чека подобри времиња - МИА

Прилеп, 5 јуни 2020 () – Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој требаше да почне денеска и да го одбележи, со врвни претстави и гостувања од странство, својот голем јубилеј, 55-години постоење, ќе чека подобри и стабилни времиња. Собранието на Фестивалот, како последен термин за одржување, ако се стабилизираат состојбите, го споменува 25 септември, илијубилејот да се слави догодина.

Традиционално, Фестивалот почнуваше во првиот петок од јуни и се одржува една недела.

Според Катарина Коцевска, претседател на Собранието на Фестивалот на седницата која се одржала деновиве се одлучило, доколку дозволат здравствените услови и доколку има можности, да се одржи од 25 септември до 2 октомври. Ако не, јубилејот ќе се прославува догодина.

-Во услови на пандемија, невозможно е да се прават планови за вакви реномирани манифестации со огромен број публика, со бројни актерски екипи на сцената. Никој не може да знае како ќе се одвиваат состојбите. Но, на Собранието на Фестивалот, кој го сочинуваат директорите на професионалните театри од земјава, донесовме одлука – ако, и само ако, дозволат состојбите и државните уредби, Фестивалот да се одржи од 25 септември до 2 октомври. Ако не, јубилеите ќе мора да ги славиме догодина, вели Коцевска.

Останува концептот за јубилејното издание на најреномираната театарска манифестација во земјава. Наместо фестивалска селекција, секој од 16-те професионални театри да ја предложи најдобрата претстава од својот репертоар. И сѐ во чест на јубилејот и на театарската уметност која, нагласува Коцевска, ги преживеала сите премрежја повеќе од два милениума.

 

 

 


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]