Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ на 9 октомври го отвора VII Интернационален театарски фестивал „Отело“ во Гостивар.
Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски.
Ден потоа на 10 октомври во рамките на официјалната програма на XX ИФАД „Стоби“, на сцената – „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, Велес, ќе се одигра и претставата „Бакхи: Агава“. Претставата е работена според Еврипид и Тамара Барачков, a играат: Симона Спировска — Агава; Александар Михајловски — Пентеј, а актерите Григор Јовановски — Дионис, Марија Кеврекиду, Ана Марија Бутниок, Афродита Атанасопулу и Дарја Ризова се со снимени гласови.
Во претставата се користат и стиховите од песната „Мама е глагол од глаголот работи“ на Момчило Одаловиќ. Претставата е копродукциски проект меѓу: Перипетија продукција – Скопје, РСМ НУ Македонски народен театар и Градски театар од Јанина, Р Грција.