ММИ бара враќање на лиценцата

Произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи од Здружението ММИ-Скопје бараат да им се врати лиценцата и од министерот за култура Хусни Исмаили бараат средба за да  го запознаат со нивните права кои, како што наведуваат во отворено писмо, Министерството за култура речиси четири години не презема ништо да ги заштити.

-Се чувствуваме оштетени. Во време кога продажбата на плочи и цедиња е драстично намалена, единствено ни останува да живееме од хонорарите што ги добиваме од авторските и сродните права. И тоа не ни го дозволува државата. Немаме заштита на правата, тоа еден период го остварувавме, но за жал, речиси четири години му е одземено правото на нашето Здружение ММИ-Скопје да ги штити нашите права, пишува во писмото на ММИ.

Велат дека очекуваат брза реакција од министерот за култура и враќање на лиценцата на ММИ-Скопје во најкус временски рок.

Вести

Можна лидерска средба кај претседателот Пендаровски

Претседателот на ДУИ Али Ахмети добил покана од претседателот на државата Стево Пендаровски за средба на лидерите на политичките партии од македонскиот и од албанскиот политички блок в недела во вила „Водно“, потврдија за МИА […]

Вести

Што е договорено за Брегзит

Европската унија и Велика Британија постигнаа договор за Брегзит, и ако биде ратификуван, граѓаните и компаниите конечно ќе имаат појасна слика за тоа што ги чека во иднина. Тоа, меѓутоа, е големо „ако“, бидејќи британските […]

Вести

Законите за стечајците и за класифицирани информации пред пратенциите

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи четвртото продолжение на 114.седница во рамки на која ќе расправа за дополнетите предлог – закони за изменување и дополнување на законите за задолжително осигурување во сообраќајот, за […]