Министерот за култура Исмаили се сретна со индонезиската амбасадорка, Сри Астари Рашид



Можноста за интеркултурна соработка меѓу двете земји, како и за поголема посветеност на двете страни за постигнување на целите беа тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу министерот за Култура Хусни Исмаили и амбасадорката на Република Индонезија во земјава, Сри Астари Рашид со седиште во Софија.


 

Настанот, информираат од Министерството за култура, се одржа како дел од одбележувањето на 20-годишнината од основањето на дипломатските односи со Индонезија.

-Иако земјите во последно време немаа некоја значајна активност, со ангажирање на двете страни ќе се прошири и интензивира интеркултурната соработка со Индонезија, задача што ќе се постигне со потпишување на меѓудржавните документи, соопшти Министерството за култура.

Во 2013 година на концертите во Индонезија присуствуваше Национална опера и балет во најпрестижните концертни сали во Џaкарта, каде што настапуваа и светските познати солисти.

Односите со Индонезија се карактеризираат со висок степен на пријателство и меѓусебно разбирање. Република Северна Македонија, дипломатски, ја покрива Република Индонезија преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Република Индија.