Министерот Исмаили го посети Музејот на Македонија


Министерот за култура Хусни Исмаили денеска го посети Музејот на Македонија и се сретна со директорот на оваа установа Гордан Николов.

Како што соопшти Министерството за култура, министерот Исмаили беше запознаен со актуелните активности на оваа национална установа, со проектите на кои се работи и кои ќе следат во иднина.

Министерот Исмаили, како што се наведува, се запозна и со останатите конзерваторски и научно-истражувачки активности кои се однесуваат на заштитата на културното наследство во етнологијата и во историјата на Република Северна Македонија на кои експертите од Музејот работат долгорочно и во повеќе фази.

Директорот Николов го информирал министерот за состојбата на објектот на Музејот, како и за одвивањето на поголемите настани што претстојат: Европските денови на културното наследство, изложбата за 75 години АСНОМ, изложбата „Африка во Македонија“.


Потврдени 103 нови случаи со Ковид-19, починати пет, оздравени 13 пациенти - МИА
Вести

Регистрирани 115 нови случаи на КОВИД-19 и седум починати

Скопје, 5 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети […]

Вести

Продолжува претставувањето на изборните понуди на партиите пред граѓаните

Скопје, 5 јули 2020 () – Предизборната кампања на партиите за предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 15 јули е на средина. Тие своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на […]

Почнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со коронавирусот - МИА
Вести

Вкупно 3611 активни случаи со КОВИД-19, најмногу во скопски Чаир

Скопје, 5 јули 2020 () – Бројот на заразени со КОВИД-19 вчера се зголеми за 147, а со тоа вкупниот број активни случаи во земјава изнесува 3611. Новозаразените се од Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, […]