„Мементо“ е дел од новата сезона на филмски класици во одганизација на АЦЕ

memento
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Филмот „Маменто“ на Димитрие Османли е еден од деветте филмови на земјите-партнери на „Филм Нова Европа“ (Film New Europe), кои ќе бидат дел од 4-тото издание на проектот „Сезона на филмски класици“, организирана од страна на АЦЕ (Асоцијација на европските кинотеки), соопшти кинотека на РСМ.







Од јуни до декември 2023 година, со проекции низ различни европски кина, како и бесплатни „онлајн-проекции“, овие филмови ќе бидат прикажани во рамки на овој проект кој има за цел да го промовира заедничкото културно наследство преку т.н. „херитиџ“-филмови (филмско наследство), со особен акцент кон привлекување на младата публика.

Оваа година Кинотеката на програмата на „Сезона на филмски класици“ ќе го прикажува филмот „Мементо“ на Димитрие Османли, снимен во 1967 година кој ја раскажува приказната за Јана која низ разговори и реминисценција со германскиот диригент Вили Милер се сеќава на нејзиното миното и семејната трагедија која ј доживеала во катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Со оваа проекција на „Мементо“, како дел од европските филмски класици, Кинотеката ќе ја одбележи 60-годишнината од разорниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 г. Поголемиот дел од градот беше претворен во урнатини, околу 2000 луѓе загинаа, а неколку стотици илјади ги загубија своите домови.

Меѓународната заедница, или поточно 87 земји, ги здружија силите за да им помогнат на граѓаните на Скопје и, за прв пат од почетокот на таканаречената „Студена војна“, американските и советските воени сили работеа рамо до рамо во корист на цивили: градење домови, училишта, болници… Така, денес Скопје гордо ја носи титулата „Град на солидарноста“.

Во програмата „Сезона на филмски класици“, оваа година се вклучени повеќе од 20 институции кои се грижат за европското филмско наследство, вклучувајќи ги Југословенската кинотека – Југословенски филмски архив од Белград, Националниот филмски институт Унгарија – Филмската архива од Будимпешта, Словенечката кинотека од Љубљана, Чешкиот филмски архив од Прага, Кинотеката на Македонија од Скопје, Бугарскиот национален филмски архив од Софија, Кинотеката на Националниот архив на Естонија од Талин и Државниот архив на Хрватска – Хрватската кинотека од Загреб.

За време на Канскиот филмски фестивал, на 19 мај, 2023 г., Асоцијацијата на европски кинотеки (АЦЕ) објави дека Националниот филмски институт на Унгарија – за филмот ПО СМРТТА на Алфред Дези – е добитник на грантот наменет за заедничка реставрација, чиј буџет изнесува 40.000 евра. Филмот ќе биде реставриран заедно со Белгискиот национален филмски архив и Француската кинотека.

Жирито кое одлучуваше за доделувањето на грантовите беше составено од режисерите Раду Жуде од Романија и Саодат Исмаилова од Узбекистан, генералниот директор на „АРТЕ Франција“ – Оливие Пер и филмскиот куратор и едукатор – Сесилија Барионуево

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK