„Мали интимни приказни“ – нова самостојна изложба на Љупчо Бојаров


– Со изложбата насловена „Мали интимни приказни“ академскиот ликовен уметник Љупчо Бојаров ќе се претстви пред скопската публика во вторник во 19 часот во галеријата „КО-РА“ во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“.



На самостојната излоба ќе бидат преставени дела на Бојаров работени во период од 1985 – 2020 г.одина Изработени се во повеќе ликовни техники : гртеж, графика дрворез, графика сува игла, барељев во природен камен, објекти од бакар и дрво и теркота.

Љупчо Бојаров дипломирал на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје во 1984 година, и оттогаш е член на ДЛУМ. Учесник е на стотина групни изложби ширум Македонија и во поранешна СФРЈ, почнувајќи од Скопје, Белград, Нови Сад, Сараево итн. Љубителите на уметноста имаа можност, освен во Европа (Англија, Франција, Шпанија, Чешка, Словачка, Унгарија, Шведска, Италија) неговите дела да ги видат и во Њујорк, САД и во Египет.Покрај самостојните изложби во Скопје, Бојаров повеќепати со свои дела гостувал во Белград, Будва, Малме и во други европски градови.

Добитник е на повеќе награди на државно и на меѓународно ниво за најдобра графика меѓу кои и: „Св. Климент Охридски“, „Моша Пијаде, ДЛУМ”, „Emerging Artist” за графика на 5. Меѓународно анале, “Diploma of Eceleent”, „Гуте Аврамовски”, „Premio-Acuisto Del’ Aministracione comunale di RHO”, „XXXII Premio internazionale di grafika“ итн.

Изложбата „Мали интимни приказни“ на Бојаров ќе биде отворена за посетители до 19 ноември.