Македонски ПЕН центар: Данило Коцевски беше жива енциклопедија за Скопје и скопјани



Македонски ПЕН центар: Данило Коцевски беше жива енциклопедија за Скопје и скопјани - МИА

Скопје, 16 септември 2020 () – Македонскиот ПЕН центар изрази длабоко жалење за ненадејната смрт на нивниот истакнат член – македонскиот книжевен критичар, раскажувач, романописец, драматург и поет Данило Коцевски.

Оттаму велат дека Коцевски со својот полиграфски талент се вградил во современата македонска книжевност и култура не само како автор на триесетина книги од различни жанрови, туку и како главен уредник на списанието „Разгледи”, неуморен и долгогодишен хроничар на градот Скопје, директор на „Струшките вечери на поезијата”, еден од иницијаторите за основањето на Институтот за македонска литература, како и еден од клучните книжевни критичари кои ја проследуваа поетиката на постмодернизмот во македонскиот и јужнословенскиот контекст.

– Книжевната критика на Данило Коцевски блика со префинето разбирање на книжевните процеси и новите текови во уметноста. И кога пишува за Одисеј и кога пишува за Ное, во неговите прозни остварувања, Коцевски ја покажува вечната актуелност и естетска продуктивност на митот. Како суптилен и пасиониран хроничар на Скопје, Коцевски спаси од заборавот стотици легенди, анегдоти и куриозитети поврзани со зналајни настани и личности од историјата на македонската метропола, велат од Македонскиот ПЕН центар.

Коцевски, како што посочуваат од ПЕН центарот, бил жива енциклопедија за Скопје и скопјани.

За творечките дострели во доменот на прозата, критиката и публицистиката, Коцевски беше наградуван со низа престижни книжевни признанија, а несомнен е и неговиот придонес за развојот на македонското новинарство. Со своето богато критичарско и белетристичко искуство и со живиот интерес за интеркултурната соработка, како член на Управниот одбор во неколку мандати, Коцевски даде придонес во активностите на Македонскиот ПЕН центар, а неодамна беше и македонски делегат на Меѓународниот конгрес на Словенечкиот ПЕН центар во Блед (2019).

– Уверени сме дека неговата извонредна интелектуална љубопитност, овоплотена во раскошниот книжевен и публицистички опус, ќе биде патоказ како за сегашните, така и за идните поколенија, велат од Македонскиот ПЕН центар. оџ/


Бизнис и економија

Цената на горивата останува иста

  Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво како минатата […]

Вести

Четири лица починаа, потврдени се 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа, потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 тестови, а починаа четири лица,  соопшти Министерството за здравство. Во Скопје се потврдени 20 нови случаи, во Кочани – девет, во Струмица […]

Вести

Ѓоргиев: За нас останува неприфатливо барањето Гоце Делчев да биде запишан како Бугарин

– Барањето на Бугарија Гоце Делчев да биде запишан како Бугарин, за македонската страна останува неприфатливо, вели Драги Ѓоргиев копретседател на македонскиот тим во Мешовитата комисијата за историски прашања  со Бугарија. Тој во интервју за […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*