„Локомотива“ организира меѓународна летна школа „Курирање во контекст”


„Локомотива“ организира меѓународна летна школа „Курирање во контекст” - МИА

Скопје, 25 август 2020 () – Здружението на граѓани „Локомотива“ – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата од Скопје, од денеска до 15 септември ќе организира прва Меѓународна летна школа „Курирање во контекст”.



Школата ќе има 18 учесници – студенти магистранти од меѓународни универзитети, како и куратори, истражувачи, теоретичари и останати културни работници со искуство во оваа област. Од нашава земја по пат на отворен повик за учесници во школата се пријавија и беа селектирани Јана Димитрова, Ивана Мирчевска и Кристина Тодороска-Петреска.

Куратори ќе бидат Биљана Тануровска-Ќулавковски и Славчо Димитров. Продуцент на школата е Виолета Качакова, а координатор Зорица Зафировска.

Како што соопшти „Локомотива“, ова е прво и пилот издание на школата, чија цел е да прерасне во дел од мастер-програма која ќе се имплементира на партнерски универзитет кај нас и кај партнерите на двогодишниот проект (2019-2021) „Курирање во контекст”.

Се реализира во партнерство со Универзитетот за уметности во Стокхолм и Универзитетот во Загреб (Факултетот за драмски уметности), како и Танцфабрик од Берлин, а е поддржан од програмата за образование, тренинг, млади и спорт на Европската Унија „Еразмус +”.

– Целта на летната школа „Курирање во контекст“ е критички да рефлектира на различните социополитички и економски контексти и да развива кураторски методи кои ќе ги преиспитаат практиките на современите (изведувачки) уметности во однос на активизмот, социјалните движења и самоорганизација, соопшти „Локомотива“ која ја објави и програмата на школата.  

 

 

 

 


Вести

За еден ден во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 52 пациенти, вкупно се лекуваат 437 лица со Ковид-19

– Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 52 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 437 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Вести

Македонскиот јазик и идентитет се неспорни, можен патоказ кон Договорот со Бугарија, но не како дел од преговарачката рамка

– Македонскиот јазик и идентитет не се предмет на преговори, потенцираа вчера високи претставници на Владата и напоменаа дека темната страна на историјата треба да остане зад нас, а решенијата со Бугарија да се бараат […]

Вести

Бројките на новозаразени се стабилизираат, мерките се ефикасни ако се почитуваат

– Мерките за заштита од вирусот даваат резултати и доколку се почитуваат, дополнителни не се потребни, рече министерот за здравство Венко Филипче. Тој вчера соопшти дека врвот на епидемијата е достигнат пред една недела и […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*