Ликовни дела за македонското здравство во знак на солидарност од светскиот уметник со македонско потекло Мајкл Клос


Ликовни дела за македонското здравство во знак на солидарност од светскиот уметник со македонско потекло Мајкл Клос - МИА

Скопје, 8 август 2020 () – Канадскиот и светски уметник со македонско потекло Мајкл Клос во знак на солидарност и признателност кон македонското здравство им испратил свои уметнички дела.

Ликовни дела им се испратени и до министерот за здравство Венко Филипче, Инфективното одделение на Општа болница во Охрид, директорот на Општата болница во Охрид, д-р Горан Балевски, кој, пак, одлучил да го отстапи на Одделот за неуро – психијатрија.

На 12 август ликовните дела ќе бидат предадени од страна на медицинската сестра во пензија, Злата Змејкоска Гашпаревиќ. Настанот ќе биде директно пренесуван на Ју-Тјуб и социјалните мрежи, додека медиумски покровители се порталот „ohridnews.com“ и „Мега Продукција“.

Клос своите делата , често пати, ги донира за да им помогне на добротворните организации.

Лани на 17 август во Куќа Уранија – МАНУ, во Охрид беше отворена самостојната изложбата на Мајкл Клос.

Клос е роден  1954 година во Торонто. Зад него стојат речиси 300 самостојни и групни изложби, во педесетина земји во светот, десетици ликовни колонии…

Сликарството е главна преокупација на Клос, но веќе долго време работи и како графички дизајнер и сценограф. Има работено на филмот „Тројца мажи и бебе“ и „Т и Т“.


Вести

Почина Амди Бајрам, лидерот на Сојузот на Роми

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Информацијата за МИА ја потврдија од Сојузот на Роми. Дел од медиумите јавија дека тој починал во приватна клиника. Бајрам имаше проблеми со […]

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*