„Лидија од Македонија“ во Национална опера и балет

lidija-od-makedonija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонската опера „Лидија од Македонија“ од композиторот Ристо Аврамовски ќе биде изведена вечерва во Националната опера и балет со почеток во 20 часот.

Диригент на претставата е Иван Еминовиќ, режисер Пламен Карталов (Бугарија), обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата е на Панче Минов, а костимографијата на Елена Дончева.


Во главните улоги ќе настапат Наде Талевска Спасовска во улогата на Лидија, Игор Дурловски во улогата на Павле, Драган Ампов во улогата на Силас, Марјан Николовски / Никола Стојчевски во улогата на Тимотеј, Васко Здравков во улогата на Ангелот човек, Ана Ројдева Талевска / Катерина Стојановска -Асиа, Александра Лазаровска – Василевски / Елена Голомеова – Агиа и Марика Поповиќ / Соња Пендовска Мадевска – Дина. Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Операта „Лидија од Македонија“ е опера во два дела. Создадена е во 2001 година, по нарачка од тогашниот Македонски народен театар. Либретото го направиле Гиј Шелеи и Дора Петрова (Франција) во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш. Се работи за првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија. Се обработуваат настани што се случиле во тоа време и претставува библиска тема.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK