„Либертанго“ во Националната опера и балет


Националната опера и балет вечер од 20 часот повторно ќе ја изведе балетската претстава „Либертанго“ од Астор Пјацола, која раскажува за создавањето и патот на тангото.

– Уличен танц што го достигнува врвот на светската танц-сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето…Приказна поврзана со историјата на семејството Пјацола и уметничкиот раст на Астор Пјацола со кој се искачи на пиедесталот на светската танцова сцена, соопшти НОБ.

Режисер и либретист е Наташа Поплавска, кореограф Сабрина Боско од Италија, а сценограф и костимограф Александар Ношпал.

Настапуваат Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили, Марија Кичевска-Шокаровска, Игор Веланоски, Наташа Јосифовска, Марија Јосифовска-Ристовска, Мирослав Митрашиновиќ, Јан Кисилев, Ендру Кук, Марко Здравковски, Драган Кочоски, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет.

Вести

Се актуелизираат помилувањата на Иванов од 2016

Уривање на правната држава, на принципот на владеење на правото и директен удар на демократијата. Вака државните претставници и правните експерти ги оценуваат можните последици што може да ги предизвика евентуалната одлука на Уставниот суд […]

Вести

„Сакаме да дишеме“, марш за чист воздух во Скопје

Со транспаренти „Животот пластичен не е фантастичен”, „Правдата пред профитот”, „Сакаме да дишеме“, граѓаните на марш пред Владата им порачаа на надлежните дека треба да се грижат за чистиот воздух и здравјето, многу повеќе отколку […]

Вести

Ангел Димитров: Нема договор за Гоце Делчев

Тензиите кои постојат во нашата работа изминативе месеци не стивнуваат, вели Ангел Димитров, копретседавач на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања формирана согласно Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија […]