Квартет тромбони со концерт во Софија – „Класиката го среќава џезот“


Во музејот „Борис Христов“ во Софија вечер од 18.30 часот концерт ќе одржи составот Квартет тромбони, насловен „Класиката го среќава џезот“, во организација на македонскиот Културно-информативен центар.

 

 

Квартетот тромбони на Филхармонијата е формиран во 2016 година и во него членуваат Димче Белчовски, Бранко Илиевски и Никола Ристевски (тромбон) и Александар Ниниќ (туба).

Нивниот репертоар е составен од класични дела адаптирани за квартет тромбони, од Вагнер, Рубинштајн итн., но и композиции напишани конкретно за ваков вид состав.

Овојпат се работи за различен репертоар. Концертната програма на „Класиката го среќава џезот“ содржи познати џез-композиции аранжирани за тромбон.

Покрај настапи низ земјава и на Брас-фестивалот, Квартетот тромбони има реализирано два концерта во Њујорк.