Кумановската библиотека ќе набави белестристика од девет издавачки куќи


Кумановската библиотека „Тане Герогиевски“  ќе набави нови книги од девет издавачки куќи, за што ќе одвои 345.915 денари без данок на додадена вредност, информираа денеска надлежните од јавната установа.

– Во тек е постапка за набавка на белестрика од девет издавачки куќи. Најдоцна за две недели се очекува да заврши пстапката, книгите да се обработат и да им бидат достапни на корисниците,изјави директорот на библиотеката, Марјан Петковски.

Кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ организира втор мини саем на книгата, овој пат со издавачката куќа „Сакам книги“. На саемот се застапени сите изданија кои ги нуди оваа издавака куќа по саемски цени.

Читателите од Куманово ќе имаат можност секој ден да се снабдат со книги во периодот од 10 до 19 часот до сабота.

-Планираме до крајот на летото скоро секоја недела да организираме саем на книгата со различни издавачки куќи, изјави Петковски.


Вести

Фетаи бара заострување на критериумите за избор на шеф и обвинители на ЈО

Обвинителката од поранешното Специјално јавно обвинителство Фатиме Фетаи на јавната расправа за законот за јавното обвинителство побара обвинителите за организиран криминал и корупција да можат да постапуваат и пред Апелациски суд, а не тоа да […]

Вести

Формирана комисија за спроведување на мерката за клима инвертери

Владата на денешната седница донесе решение за формирање Централна Комисија за следење на спроведувањето и имплементирањето на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима уреди за потребите на домаќинствата во општините Битола, […]

Вести

Превентивни контроли на аеродромите во Грција за коронависрусот

Здравствените власти на земјата се во целосна оперативна подготвеност за да се спречат и, доколку е потребно, да се справат со можни појави на коронавирусот, рече заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката Влада, […]