„Крекање” и „+ 18“ се најдобрите претстави на 15. издание на „Скупи фестивал“


– На петнаесеттото издание на „Скупи Фестивал“ наградата „Најдобра изведба“ беше поделена во две категории. Во првата категорија – претстави кои се одвиваа во театарот, добитник на наградата е „+ 18“, а за најдобра онлајн претстава беше прогласена „Крекање“, одлучи жирито на фестивалот.


 

Претставата „+ 18“, е во режија на Кендрим Ријани, театар Хади Шеху Ѓаковица.

Автори на драмскиот текст се Дејвид Мамет и Аријан Красниќи, а сценографија е на Петрит Бакали, Костимите ги изработи Алма Красниќи, музиката е „Поклонете ја Грезда“.

Настапуваа Еди Кастрати, Бујар Ахмети, Мирвете Куртиши, Алтина Кусари, Арбиес Комони, Валона Дервиши, Илка Лота, Влара Пила, Валон Паласка, Бесфорт Бербери, Едмонд Хафизадеми, Еди Ѓакова, Мурадије Муриќи и Елида Шасивари.

За најдобра онлајн претстава, жирито ја прогласи „Крекање“. Националниот театар е Тузла од Босна и Херцеговина, а во режија на Алеш Курт.

Автор на текстот е Алмир Башовиќ, а сценографија на Сабина Трнка. Костимите ги изработи Весна Теодосовиќ, а музика е на Златан Божута.

Изведувачи се Синиша Удовчиќ, Елвис Јахиќ, Јасмина Дедиќ-Ибриќ, Недим Малкочевиќ / Хасан Сушиќ, Јасмина Ибрахимовиќ, Елмир Кривалиќ, Лука Спасојевиќ, Селма Гусинац, Самина Мујкановиќ.

Специјалната награда „Луран Ахмети“ ја доби актерот Ерсин Умут Гулер од театарот „Јолџу“ од Истанбул со претставата „Венера во крзно“. Авторот е Дејвид Ивес, режија на Ерсин Умут Гулер, сценографија Озлем Каја, музика Туфан Дагтекин, во изведба на Первин Багдад и Ерсин Умут Гулер.

Фестивалот годинава се одржа според протоколите одобрени од Комисијата за заразни болести.