„Крајот на осаменоста“ од Бенедикт Велс во издание на ТРИ



„Крајот на осаменоста“ од Бенедикт Велс во издание на ТРИ - МИА

Скопје, 22 мај 2020 () – Во рамки на едицијата „Магични приказни“ поддржана од Програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, во издание на Издавачки центар ТРИ излезе од печат книгата „Крајот на осаменоста“ од Бенедикт Велс. Преводот на македонски е на Катерина Јосифоска.

-„Крајот на осаменоста“ Велс ткае тридецениска семејна историја низ неверојатни размисли за моќта на спомените во човековиот живот, за сличностите и различностите, за пријателството, љубовта и сочувството. Романот нѐ води низ драматичниот живот на двајца браќа и една сестра кои ги губат родителите во автомобилска несреќа и ги поминуваат детството и младоста со чувство на напуштеност и отуѓеност. Дури и кога ќе пораснат, секогаш одново болно се навраќаат на минатото, кое го оставило својот суров печат врз нивните животи. Оваа калеидоскопска семејна сага е истовремено и закрепнувачка љубовна приказна и ода за пријателството, наведуваат од Издавачкиот центар ТРИ.

Бенедикт Велс е современ германско-швајцарски писател кој уште со објавувањето на својот прв роман ги освои читачката публика и критичарите, ги доби најзначајните домашни и странски награди и стана еден од најпреведуваните автори од германски јазик. Неговиот прв роман Последното лето на Бек, објавен во 2008 година, ја доби Баварската награда за поддршка на уметноста. Потоа следуваа романите Откачен и Речиси генијално. Неговиот четврти роман Крајот на осаменоста досега е преведен на 34 јазици, а во 2016 година ја доби Наградата за литература на Европската Унија, како и наградата на Фондацијата „Равенсбургер“ за најдобар семеен роман. Во 2018 година ја освои и наградата „Еурегио“.


Вести

Седум града со над 100 активно заразенни со коронавирус

Во моментов во земјава како активни се водат 2.323 случаи на заразени со коронавирус. Од нив, во седум македонски градови има над 100 заразени. Најмногу активни случаи има во Скопје (684), по што следат Куманово […]

Бизнис и економија

Осумте банки заинтересирани за соработка со Пошта до крајот на месецот треба да достават понуди

– До крајот на месецот банките кои изразија интерес да го вршат платниот промет во единиците на Пошта треба да одговорат на писмото што го испрати Пошта до нив за условите што ги нудат, по […]

Субвенции од државата за плати досега побарале 12.380 компании - МИА
Вести

Четврти сет мерки – 470 милиони за поддршка на граѓаните и стопанството, според опозицијата Христијан Мицкоски, четвртиот пакет е задоцнет

– Преку нов пакет економски мерки вреден 470 милиони евра Владата ќе се обиде во третиот квартал од годинава да го спречи падот на БДП од вториот квартал и со зголемена економска активност и јавна […]