„Кожурец“ – нова претстава на независната продукција „Артопија“




На 11 oктомври (недела), со почеток од 20 часот во МКЦ (сала 25 мај) ќе се одржи светска премиера на новата театарска претстава „Кожурец“ во продукција на независното здружение „Артопија“.Работена според вистинска приказна, претставата „Кожурец“ го отвора просторот на комплексните односи помеѓу премолчувањето и прозборувањето, барајќи го во театарскиот контекст  јазикот да прозбори за внатрешните и надворешни механизми на сексуалната злоупотреба на деца. Претставата претставува своевиден емотивен пејсаж на една траума, преиспитување на репрезентацијата во театарот, збир на сцени, слики и песни, добиени како материјал од истражувачкиот процес.