Костадиновска-Стојчевска: „Отворен Балкан“ е можност три држави да споделат искуства на полето на културата


„Отворен Балкан“ заслужува достојно внимание бидејќи за првпат ќе имаме можност трите држави да споделиме искуства на полето на културата во сите сегменти, со цел да се надминат разликите, но и да се овозможи промиоција на нашите културни добра, претстави, музеи, а на тој начин ќе придонесеме и до значаен развој на туризмот, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.


 

„Отворен Балкан“ ќе се одржи на 7 и 8 јуни оваа година во Охрид, а ќе учествуваат и министри за култура, претставници од агенции за филм, младински културни центри, државни и приватни музички фестивали, музеи, филхармонија, опера и балет.

Според министерката за култура, во духот на продлабочувањето на оваа иницијатива е создавање на упориште на пријателство и соработка на полето на културата како значаен дел од секоја од овие земји, а истовремено да се поддржи и промовира туристичкиот сектор.

Таа напомена дека „Отворен Балкан“ е регионална иницијатива која има за цел да ја олесни трговијата и да го поттикне економскиот развој низ целиот регион. Оваа иницијатива ја нагласува важноста на регионалните врски и слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги.

Костадиновска Стојчевска порача дека „Отворен Балкан“ исто така се стреми да ја забрза европската интеграција на земјите од Западен Балкан и да придонесе секоја земја да стане членка на Европската Унија во разумен рок.

Државите од „Отворен Балкан” работат и на основање заеднички филмски фонд на кој ќе аплицираат копродукции иницирани од трите земји.

На самитот во Охрид ќе бидат потпишани значајни договори и меморандуми за соработка во културата, туризмот и економијата и затоа ќе бидат присутни министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Иницијативата Отворен Балкан останува отворена за Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.

Оваа иницијатива е во организација на шефовите на владите на Албанија, Еди Рама, на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и на Србија,