Конференција за писменото и книжевното културно наследство од Скопје и Скопско



ript>

– Во свеста на денешната заедница, нашето вековно ракописно и културно богатство недоволно се познава, како што недоволно се познава и процесот на омасовувањето на писменоста. Исто така, недостатно се популаризира и не го ужива достоинството и значењето што треба да го има и што единствено го крепи или воопшто може да го крепи нашиот историски континуитет, констатираше директорката на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, д-р Наташа Аврамовска.


 

Таа денеска на отворањето на третата конференција „Писменото и книжевното културно наследство од Скопје и Скопско“, организирана од Институтот за македонска литература со поддршка на Град Скопје посочи дека постои масовна игноранција, односно недостатна освестеност на виталноста и важноста на нашата културна традиција.

– Денешното навраќање на темите за културното наследство е потребно во време на една негова современа ингоранција, а тоа единствено може да не крепи и поткрепи на сцената на актуелните случувања, на повторно доведување во прашање на нашиот културен идентитет и легитимитет. Во свеста во круговите на зналците тоа е познато, но зборувам за потребата од негова поширока популаризација и токму во тој контекст се овие три години навраќања и свртување на погледот како интенција на Институтот за македонска литература за популаризација, рече директорката.

Како што посочи, традицијата на писменоста – ракописната и скрипторската на оваа почва и омасовувањето на писменоста со помош на печатената книга, училиштата и читалиштата во 19 век, открива еден сосем поинаков аспект на нашето скопско траење во времето, на кое што со право можеме да бидеме горди како заедница.

-Со жалење меѓутоа мораме да констатираме дека во свеста на нашата денешна заедница, нашето вековно ракописно, културно богатство недостатно се познава, како што недостатно се познава и процесот на омасовувањето на писменоста, недостатно се популаризира и не го уживаат достоинството и значењето што треба да го имаат и што единствено го крепи или воопшто може да го крпеи нашиот историски континуитет, изјави Аврамовска.

Претседателот на Организациониот одбор при Институтот за македонска литература, д-р Илија Велев на денешната конференција посочи дека целта на трите конференции е да се укаже на значењето и улогата на новите форми на доближувањето на интеркултурните комуникации меѓу народите и меѓу земјите, при што, според професорот, се покажало дека културниот туризам е алката која што ги поврзува новите современи, глобални, културни прелевања меѓу народите.

Особено, додаде тој, целта беше да се посочат можните дестинации за развој на културниот туризам во град Скопје.

– Институтот за македонска литература се вклучи во културниот развој на Скопје со интерактивни и мобилни проекти поврзани со предметите што ги предаваме на студиите од втор циклус, и на докторските студии при нашиот Институт, во кој што се предаваат предметите Културно наследство, Афирмација и заштита на културното наследство. Од минатата година првпат имаме и предмет Културен туризам кој што се покажа мошне мобилен, изјави Велев.

Професорот Велев зборуваше и за значењето на писмата во културно историски и современ контекст. Според него, писмата се крајна цивилизациска придобивка, своевиден видлив јазик против заборавот, кој како избор помага засекогаш да се памети и да се овековечи изговорениот, но и помислениот збор од памти века, до нашето современие.

-Откриените или идентификуваните писмени документи од најстаро врмее па наваму нудат побогата информација за минатото, отколку дневните археолошки наоди како артефакти. Писмените споменици се културуно наследство како меморија и како традиција, проткаено низ цивилизацискиот разој на човештвото кое овозможува да се комуницира од просторна но и од временска дистанца, додаде Велев.

Во рамки на денешната конференција беше промовиран и Зборникот на научни трудови „Културниот туризам во афирмација на македонското културно наследство во Скопје и Скопско“, чиј промотор беше професорката Ана Мартиноска.